Насионал Монтевидео„ФК Насионал“ води овде. За други истоимени поими, видете ФК Насионал (појаснување).
Насионал Монтевидео (Шпански: Club Nacional de Football) е уругвајски фудбалски клуб од Монтевидео кој моментално игра во Прва уругвајска фудбалска лига. Клубот игра на Големиот Централен Парк стадион (Шп.: Gran Parque Central) во Монтевидео со моментален капацитет од 26.500. Насионал е најпрестижниот и истакнат уругвајски фудбалски клуб, со 46 национални првенства и 21 меѓународни натпревари. ИсторијаНасионал е формиран на 14 мај 1899 година кога фудбалски клубови „Монтевидео ФК“ и „Уругвај Атлетик“ се соедниниле во еден клуб. Во 1903 година Уругвај постигнува победа во својот прв меѓународен натпревар - 3: 2 против Аргентина. Во составот се само играчи на Насионал, бидејќи играчите на другиот силен тим во тоа време - КУРКК - бојкотираат репрезентацијата. Насионал е тимот со најмногу играачи во репрезентацијата, кога тој освоено две светски првенства (во 1930 година - 9, во 1950 година - 5) и две олимписки титули (во 1924 година - 7, во 1928 година - 8). Во периодот 1900 - 1931 година Уругвајската првенство се одржа како аматерски првенство. Насионал е тимот со најмногу титули во тоа време - 11. Во два случаи ја овојуваат титулата во три последователни години - 1915 - 1917 и 1922 - 1924. Во "професионалната ера" Насионал има 35 титули, како во периодот 1939 - 1943 пет пати последователно го освојуваше првенството. во 1941 година Насионал освои сите 20 натпревари. Насионал 4 пати последователно го освојуваше првенството меѓу 1969 и 1972 година, а во периодот 1955 - 1957 и 2000 - 2002 екипата повторно ја освои титулата во три последователни години. Во 1971 година Насионал ја освои својата прва Копа Либертадорес, победувајќи ја во финалето аргентинскиот Естудиантес (1: 0, 0: 1 и 2: 0). Истата година тимот освои и Интерконтиненталниот куп против Панатинаикос (1: 1 и 2: 1). Во 1972 година Насионал освои Копа Интерамерекана, победувајќи ја во финалето мексиканскиот Круз Азул. Во 1980 година Насионал повторно триумфираше во Копа Либертадорес и Интерконтинталната првенство, победувајќи односно против Интернасионал од Бразил (0: 0 и 1: 0) и Нотингем Форест (1: 0). Во 1988 година Насионал победува двете купи по третпат - со победи над аргентинскиот Нюелс Олд Бојс (0: 1, 3: 0) и холандскиот ПСВ Ајндховен (2: 2, 7: 6 по пенали). Во 1989 Nacional по вторпат ја освои Копа Интерамерикана, овој пат против Олимпија од Хондурас, и исто така го освои првото издание на Рекопа Судамерикана против Расинг Клуб од Аргентина. Најдобриот стрелец на клубот е аргентинскиот напаѓач Атилио Гарсија. СтадионДомашните натпревари ги играл на градскиот стадион Големиот Централен Парк (Шп.: Gran Parque Central) во Монтевидео кој има капацитет од 26.500 гледачи. Познат е по тоа што на него е одигран првиот натпревар во историјата на Светските првенства во 1930 година. УспесиНационални успеси
Меѓународни успеси
Познати играчиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia