Уругвај го освоил Светското првенство; првиот пат во 1930 година (кога бил домаќин), победувајќи ја во финалето Аргентина со 4-2. Вторпат го освоиле во 1950, кога во финалето со 2-1 го победиле Бразил. Тимот исто така освоил и две златни медали на Летните олимписки игри во 1924 и 1928, пред создавањето на Светското првенство. Уругвај освоил повеќе меѓународни титули (19) во XX век за разлика од било која друга земја во светот и сè уште го држи овој рекорд, иако сега го споделува со Аргентина.
Нивниот успех го зголемува и фактот што Уругвај има многу малку жители. Уругвај е единствената земја во светот која го освоила Светското првенство, а има помалку од 4 милиони жители. Всушност, само шест нации со население помало од тоа на Уругвај досега учествувале на Светското првенство: Северна Ирска (3 пати), Велс, Кувајт, Словенија и Тринидад и Тобаго. Исто така, Уругвај е најмалата нација која го освоила Олимпискиот медал во било кој тимски спорт.
Уругвај е и најмалиот член на КОНМЕБОЛ-от, јужноамериканската фудбалска конфедерација. И покрај тоа, Уругвај го освоил Јужноамериканското првенство 15 пати, заостанувајќи само зад Аргентина.