Мајкл Роџерс (велосипедист)
Мајкл (Мајк) Роџерс (англиски: Michael ('Mick') Rogers; р. 20 декември 1979 во Бархем (Нов Јужен Велс)) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1999-2016 година. Тој е трикратен светски хронометарски првак, победувајќи последователно во 2003 (откако Дејвид Милар бил казнет за допинг), 2004 и 2005. Роџерс станал професионалец во 1999 со Мапеи-Квик Степ, кој станaле Квик Степ. Во 2005 Роџер му се придрижил на Т-Мобајл Тим и ги предводел на Тур де Франс 2007. Во 2013 година, Роџерс се приклучил на Тинкоф, а во 2014 година ја освоил својата прва етапа на Тур де Франс. Во април 2016 година, Роџерс преку Твитер објавил дека бил приморен да се повлече од професионалниот велосипедизам поради вродена срцева маана, која се влошувала.[2] ЖивотописЛичен животРоџер живее во Мендрисио, Швајцарија со неговата жена Италијанка и трите ќерки. Рана кариераРоџерс бил дел од Австралискиот институт за спорт, кој му овозможил да се пресели во Европа на 16 години како аматер. Започнал како велодромски велосипедист со тренерот Чарли Волш. Роџерс ги освоил светските првенства во хронометар во 2003, 2004 и 2005. Тој бил втор во 2003, но станал првак, откако победникот, Дејвид Милар, бил дисквалификуван поради допинг. Роџерс ја добил неговата маичка-виножито и златниот медал на денот на првенството во 2004, така добивајќи два златни медала во ист ден. На Тур де Франс 2003, Роџерс му помогнал на Ришар Виранк да ја освои неговата шеста точкеста маичка како Крал на планините. Тој бил последен возач, кој останал да му помогне на Виранк во неговиот ден на бегство и етапната победа. Во мај 2011, американскиот велосипедист Тајлер Хамилтон се откажа од неговиот златен медал на машкиот поединечен хронометар на ЛОИ 2004, откако признал за допингот во текот на неговата велосипедска кариера. Ова довело Роџерс соодветно да го освои бронзениот медал на трката, во која тој првично бил четврти.[3] Во септември 2015 година го добил олимпискиот медал на церемонија во седиштето на МОК во Лозана, Швајцарија.[4] Т-Мобајл (2006–2010)Роџер му се придружил на Т-Мобајл Тим во сезоната 2006 и завршил 9. во крајниот пласман на Тур де Франс 2006. На 15 јули, Роџерс се повлекол на 8. етапа од Тур де Франс 2007, откако ја скршил клучната коска во несреќа на претходната етапа. Тој останал сè додека не пристигнал докторот за присутниот Австралиец Стјуарт О‘Грејди, кој завршил на носила во болница. Откако му било дијагностицирана мононуклеоза (треска на жлездите), таа предизвикала сериозно потешкотии на неговата тркачка форма по некое време. До крајот на 2009 се вратил на својата форма и започнал да забележува големи успеси, со Тим Колумбија-Хај Роад, наследникот на Т-Мобајл. Во 2010, како водач на неговиот тим, ја освоил Вуелта а Андалусија, а потоа и Трка околу Калифорнија (првиот не-Американец кој го направил тоа). По разочарувачкиот Тур де Франс 2010 (37. на крај), Роџерс објавил дека во иднина ќе се сконцентрира на пократките трки (н.п. еднонеделните), како и тоа дека нема повеќе да настапува на подолги трки. Тим Скај (2011–2012)![]() Во октомври 2010 објавил дека го напушти Тим ХТЦ-Колумбија и се приклучил на британскиот Тим Скај за сезоната 2011. Меѓутоа, тој претрпел повторување на неговата мононуклеоза рано во сезоната и не бил во можност да ја брани неговата титула на Трка околу Калифорнија од 2010. Роџерс се вратил на тренинзи на крајот од сезоната. Роџерс ја започнал сезоната 2012 со трето место на Австралиското национално хронометарско првенство,[5] и го водел Тим Скај на Тур Даун Андер, каде завршил четврти во генералниот пласман. Во март, Роџерс завршил трет на Критериум Интернационал; завршил втор зад возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Кедел Еванс во поединечниот хронометар околу Порто Векио,[6] и завршил осми на последната етапа, на завршницата на врвот Л‘Оспедал.[7] Во мај, Роџерс победил на Трката околу Баварија, етапна трка во Германија, победувајќи на втората етапа и хронометарот (4. етапа), негови први победи откога вози за Скај[8]. Потоа Роџерс возел на Критериум ду Дофине, помагајќи му на водачот Бредли Вигинс да ја освои трката, воедно завршувајќи втор во генералниот пласман по неговото силно возење на последниот хронометар. Роџерс бил избран во составот на Скај за настап на Тур де Франс, како еден од клучните помагачи на Вигинс. Доживеал несреќа на крајот на етапата 1, но сепак бил во можност да се врати назад во групата. Во 2013 година, Роџерс го напуштил Скај и му се приклучил на Тим Саксо-Тинкоф[9] по воведувањето на новата политика на Скај која барала сите возачи да потврдат дека немале историја на допинг[10] иако го негирал заминувањето поради таа причина. Тим Саксо-Тинкоф (2013–2016)Во јули Роџерс возел на Тур де Франс како поддршка на Алберто Контадор и завршил на 16. место. Во октомври го освоил Јапонскиот куп, еднодневна трка. Во декември било објавено дека бил позитивен на кленбутерол на самата трка. Бил суспендиран до понатамошната истрага.[11] На 23 април 2014, UCI објавил дека Роџерс е чист, дека не е предвидена понатамошна истрага, а воедно и дека му е дозволен повторен настап на трките.[12] Се вратил на трките, освојувајќи го првиот поединечен хронометар на некоја голема трка, на единаесеттата етапа на Џиро д’Италија 2014, на 21 мај. Освоил уште една етапа на трката, победувајќи на претпоследната етапа на Монте Цонколан. На 22 јули 2014, Мајкл Роџерс ја освоил својата прва етапа на Тур де Франс. Тоа било шеснаесеттата етапа — најдолгата етапа на Тур де Франс 2014 — на која остварил победа откако цел ден бил во бегство заедно со уште 20 возачи.[13] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia