Мајкл СерафиновМајкл Серафинов (англиски: Michael Seraphinoff; Детроит, Мичиген, САД, 2 декември 1946) — американски славист, писател и преведувач од македонско потекло. ЖивотописСерафинов е роден во американската држава Мичиген во Детроит на 2 декември 1946 година. По таткова линија, тој има македонско и романско потекло, а по мајчина линија потекнува од првите англиски и швајцарско-германски доселеници, каде што се замешала и индијанската нишка. Тој како внук на иселеник од село Непроштено, тетовско (1911), рано пројавува интерес за традицијата, јазикот, литературата, културата и историјата на Македонија и Македонците. По завршувањето на Државниот универзитет во Мичиген во 1969, магистрира на славистичка тема на Универзитетот Вашингтон во Сиетл во 1987 и докторира на истиот универзитет со темата „Македонската преродба од XIX век. Студија за животот и делото на Кирил Пејчиновиќ“ во 1993 година[1]. Предавал на Катедрата за словенски јазици и литератури на Универзитот Вашингтон во Сиетл и на Skagit Valley College од 1987 па до 1997 година, во Ленгли и Оук Харбор, на Државниот универзтет Академгородок (1993) во Новосибирск, Русија и на други високи школи во САД и Велика Британија. Активист на Обединетата македонска дијаспора и на Македонското меѓународно движење за човекови права. Живее и работи во сојузната држава Вашингтон. Тој е голем критичар на албанскиот ектремизам во Македонија[2]. БиблиографијаУчесник е на меѓународни научни собири и автор на повеќе статии и есеи, раскази и романот „Македонско злато“ и на преводи на англиски и македонски.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia