Село Непроштено се наоѓа во Долни Полог, општина Теарце, 7 километри североисточно од градот Тетово. Станува збор за ридско-планинско село кое се наоѓа во подножјето на Шара, на надморска височина од 509 метри.
Историја
Во поранешно време с. Непроштено се викало Андреево. Но кога некој просјак стигнал во Андреево да проси, пробал во сите куќи да проси но никој не му дал ниту корка леб. И тој на излезот од селото им рекол „Непростено да ви е“ и така ова село го добило името Непроштено.
Стопанство
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
1.066
—
1953
1.148
+7.7%
1961
1.132
−1.4%
1971
1.061
−6.3%
1981
1.243
+17.2%
Година
Нас.
±%
1991
446
−64.1%
1994
1.251
+180.5%
2002
1.309
+4.6%
2021
1.178
−10.0%
Ова село се дели на два дела и тоа македонски и албански. Ги дели само мала река која се нарекува Палавица затоа што некогаш имало многу вода и го поплавила селото.
На пописот од 2002 година, селото имало 1.310 жители.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.178 жители, од кои 330 Македонци, 808 Албанци, 1 Србин, 5 останати и 34 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
1.066
1953
777
366
—
—
—
2
...
3
—
1.148
1961
694
421
2
...
...
2
...
13
—
1.132
1971
507
528
15
—
...
2
...
9
—
1.061
1981
524
711
—
—
—
4
...
4
—
1.243
1991
443
—
—
—
—
3
...
—
—
446
1994
415
835
—
—
—
1
...
—
—
1.251
2002
405
898
—
—
—
2
—
4
—
1.310
2021
330
808
—
—
—
1
—
5
34
1.178
Родови
Непроштено е македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Македонски:
Ѓурчинци (7 к.),Староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје (две семејства).
Шкуртовци (13 к.),Староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Скопје (три семејства) и во Софија (две семејства).
Димитриовци или Попоѓои (4 к.),Староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство).
Маркуќевци (8 к.),Староседелци. Имаат иселеници во Габрово (едно семејство).
Корлевци (1 к.),Староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (две семејства).
Мојсини (1 к.),Староседелци.
Кокеловци (2 к.),Староседелци.
Пројковци (3 к.),Староседелци. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство)
Корупковци или Сибиновци (2 к.),Староседелци. Имаат иселеници во Софија (едно семејство).
Лалошои (10 к.), е лоза од свештеничкиот род Лалошои од село Лешок. Прв доселеник бил Левко,[1], брат на поп Китан и син на Милош од големиот свештенички род Лалошои од Лешок. Лозата на Лалошои од Непроштено, во 2009 година брои ( 378) лица, кои живеат во: Напроштено,Џепчиште, Тетово, Скопје, и други места.[2]
Дабинчевци (6 к.) доселени се од Дебарско. Овде живеат од средината на XVIII век, го знаат следното родословие: Ристо (жив на 70 г. во 1947 година) Миајл-Стаменко-Јандрија-Стојан, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Софија (две семејства) и во Америка (две семејства).
Терзинци (23 к.) доселени се од соседното планинско сега албанско село Ѓермо, го знаат следното родословие: Тодор (жив на 53 г. во 1947 година) Богдан-Кочо-Гаврил, дошол таткото на Гаврил. Имаат иселеници во Тетово (две семејство), Скопје (шест семејства), Белград (едно семејство) и во Софија (едно семејство).
Јанковци (7 к.) доселени се однекаде.
Пачавровци (15 к.) доселени се од планинското село Брезно. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Белград (пет семејства).
Калковци (6 к.) доселени се однекаде. Имале иселеници во Тетово (едно семејство, али изумрело), и во Романија (две семејства, од кои едното изумрело).
Бојковци (10 к.) доселени се од полското село Требош, подалечно потекло имаат од околината на Гнилане, го знаат следното родословие: Никола (жив на 55 г. во 1947 година) Аврам-Кочо, кој се доселил од Требош. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства), Скопје (две семејства), Белград (шест семејства) и во Софија (едно семејство).
Петкои или Аџиини (495) лица во 2009 година. Родот Петкои се староседелци. Домашна слава на родот Петкои односно Аџиини е Петковден.[3]Архивирано на 24 април 2019 г.
Според истражувањата заклучно со 2009 година, во Непроштено, во погоре споменатите родови треба да се додаде и родот Петкои односно Аџиини. Во родот Петкои односно Аџиини од Непроштено познати се седум колена: Димо-Петруш-Цвета-Живко-Митко-Огнен-Луна. [4] . Заклучно со 2009 година од родот Петкои односно Аџиини од Непроштено има 495 лица, кои живеат во: Непроштено, Џепчиште, Лешок, Тетово, Скопје, Белград, Детроит и други места.
Албански:
Садиковци (11 к.) најстар албански род, доселени се средината на XIX век, од северна Албанија;
Мирселои (19 к.) доселени се после претходниот род исто така од северна Албанија;
Демировци (14 к.) време и место на доселување како претходниот род;
Салија (1 к.) доселен од Слатино, подалечно потекло од с. Албанија;
Сејдо (1 к.) доселен од Желино, подалечно потекло од с. Албанија;
Мислија (1 к.) и Салија (1 к.) доселени од некое околно село, подалечно потекло од с. Албанија.[9]
↑D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
↑Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.