Мелничка Река
Мелничка Река (бугарски: Мелнишка река) — река во Светиврачко и Петричко, Пиринска Македонија, лева притока на реката Струма. Долга е 30 км. Одвовнува делови од југозападните падини на Пирин.[1] Реката се образува со слевањето нејзините составници Сугаревска Река (лева) и Доленска Река (десна), 600 м северно од градот Мелник. Како нејзин почеток се зема Доленска Река, која извира под името Зајачка Река на 2.409 м.н.в., околу 300 м југозападно од врвот Кељо (Голи Врв, 2.484 м) на Северен Пирин. Целото течение се протега во правец југ-југозапад; на почетокот има длабока и добро пошумена листопадна долина, а по селото Долени невлегува во соголена и силно изронета долина од песочно-глинест материјал. Тука Мелничка Река и нејзината левна составница Сугаревска Река образуваат впечталиви земјени пирамиди. При посилни врнежи во долното реката брзо надоаѓа со опасни наноси, поради што во тој дел целото корито е оградено со заштитни насипи. Летно време, поради намалениот водостој, добар дел од водите се губат во силниот глинесто-песоклив материјал. По селото Ѕивгелија (Зорница) навлегува во Светиврачко-петричката Котлина; кај Кромидово свртува на запад, а по Ени Чифлик (Ново Кономлади) нагло свртува на југ со вештачки направен свиок. Се влева во Струма како нејзина лева притока, на 85 м.н.в., на далечина од 1,8 км од селото Марикостиново.[2] Сливот на реката зафаќа 97 км2, што сочинува 0,56 % од целиот слив на Струма. Главни притоки: → лева, ← десна
Реката е се напојува претежно од дожд и стопен снег. Најполноводна е во април-мај, а најслабоводна во август-септември. Средниот годишен истек во устието изнесува 0,75 м3/с. По течението на реката има 7 населени места, меѓу кои 1 град и 6 села:
Дел од водите на реката в долното течение, во Светиврачко-петричката Котлина се користат за наводнување. Меѓу селото Лозеница и градот Мелник, на потег од 2,5 км минува делница од третокласниот пат бр. 109: Ново Делчево – Хотово – Мелник. ПоврзаноНаводиКарта |
Portal di Ensiklopedia Dunia