Ени Чифлик (Пиринско)За други истоимени места, погледајте Ени Чифлик.
Ени Чифлик (денес Ново Кономлади) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 16 километри североисточно од градот Петрич, на левиот брег од реката Струма. Селото се наоѓа на надморска висина од 152 метри. Атарот на селото зафаќа простор од 4.965 км2. ИсторијаОсманлиско ЦарствоВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Јени чифлик (Yéni-tchiflk) се состоело од 16 куќи, од кои 65 Македонци[1][2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 56 жители, од кои 6 Турци и 50 Македонци[1][3]. Бугарија![]() По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. Поголемиот дел од населението на селото се населиле од селото Кономлади, Костурско, кое по крајот на Балканските војни било вклучено во составот на Грција. На 14 август 1934 година, името на селото било променето во Ново Кономлади[4]. Во 1985 година селото имало 302 жители. Во времето кога кмет на селото бил Андон Кузов, била изградена чешмата на селскиот плоштад и споменик на водачот на селото, Христо Цветков. Кметови:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia