Светиврачко-петричка Котлина![]() Светиврачко-петричка Котлина или Санданско-петричка Котлина (бугарски: Санданско-Петричка котловина) — котлина во југозападна Пиринска Македонија и сосем мал дел од Валовишко (Демирхисарско), Егејска Македонија. Сместена е во поречието на реката Струма и нејзината десна притока Струмица (нарчена и Струмешница).[1] Географски одликиМестоположба, граници и големинаКотлината е сместена меѓу планините Пирин (на исток), Малеш и Огражден (на запад и северозапад), Беласица (на југозапад) и Сенгелска и Славјанка (на југоисток). Средната надморска височина изнесува околу 200 метри, а зафаќа површина од околу 550 км2. Достига најголема должина од 42 км и најголема ширина од 13 км. Условно се дели на две полиња — Светиврачко (поголемо, во правец север-југ) и Петричко (помало, во правец запад-исток); меѓу нив се наоѓа младиот изгаснат вулкан Кожув (Кожух). Најистурените делови на Кожув се издигат речиси 200 м над коритото на Струма. На север Кресненската Клисура ја поврзува со Симитлиската Котлина, а на југ преку Рупелската Клисура — со пространото Серско Поле во Егејска Македонија. На запад е широко отворена кон Струмичкото Поле во Р Македонија. Геолошка градба, земјишни облици и природни богатстваНастанокот на котлината започнал во почетокот на терцијарот, со грабеновидно пропаѓање. Во плиоценот се образувало пространо езеро, кое се исцедило во квартарот. Котловината е силно раслченета со многу долини и од изгаснатиот вулкан Кожув. Во јужниот дел е образувана малата, но изразена Марикостинска Клисура меѓу Митин и Бански Рид. Нејзината голема заливна тераса во рамките на котлината на места е заблатена[2]. Двете главни долини во котлината на Струма и Струмица имаат широки алувијални дна. Во северниот дел, во пазувите на Малеш крај с. Палат има наоѓалишта на флуорит. По околните раседи по кои потонала котлината избиле повеќе минерални извори — кај Свети Врач (Сандански), Левуново, Марикостиново, во месноста Рупите во изгнаснатиот вулкан Кожув кај Петрич. Клима, води и почвиВо котлината владее преодна средоземна клима, и ова е едно од најтоплите места во денешна Бугарија. Тука се највисоките средни годишни температури — 13,9 °C во Свети Врач и 13,6 °C во Петрич; средна јануарска температура: 2,4 °C во Свети Врач и 1,6 °C во Петрич; средна јулска температура: 24,6 °C во Свети Врач и 25,1 °C во Петрич. Вкупните годишни врнежи изнесуваат 534 мм во Свети Врач и 670 мм во Петрич, со највеќе врнежи преку зимата. Овој крај е најсувиот во целата држава[3]. Снежната покривка се задржува само неколку денови. Светиврачко-петричкото Поле се одводнува од река Струма и нејзините бројни притоки кои ивираат од соседните планини. Леви притоки се: Влаина Река, Светиврачка Бистрица, Мелничка Река, Пиринска Бистрица и др.; десни се: Цапаревска Река, Лебница, Струмица и др. Крај речните корита почвите се претежно алувијални и делувијални, а по ридските делови и надворешноста — од циметен ливадски шумски вид. Стопанство, флора и фаунаВо котлината има доста зеленчукови насади, како и овоштарници од праски, киви, смокви и маслинарници. Добро развиени земјоделски гранки се лозарството, тутунарството и овоштарството. По поречието на Струма се среќаваат водољубиви растенија како елата, тополата, врбата и јаворот, а животинският свет е претставен со средоземните видови на отровни пајаци, водната полјанка, блатната желка, шарката, поскокот, смокот и други. Светиврачко-петричката Котлина лежи на една од главните воздушни магистрали за преселба на птиците од Европа во Африка — „Вија Аристотелис“ (Задбалканскиот пат). Во наносните конуси на дното на котлината се насобрале значајни количества на подземни води. Поради мноштвото минерални извори се развиваат и бањските лекувалишта, како и производството на зеленчуци во стакленици. Населени местаПоради поволните климатски и почвени услови, котлината е густо населена. Во неа има 3 града и 53 села.
СообраќајНиз котлината минуваат делници на 4 патишта од државната патна мрежа:
Напоредно на првокласниот пат бр. 1 минува и пругата од Софија за Солун и отклонот од ЖС „Припечене“ (Генерал Тодороов) до Петрич. Подрачјето на котлината речиси наполно е искористено. Туризмот и земјоделството се добро развиени и овозможуваат стопанска устојчивост. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia