Метадон — синтетичка дрога која се користи за намалување на болката, првенствено во заменска терапија за хероински зависници. Самиот метадон предизвикува зависност, но симптомите на престанок на дејството се многу поблаги од оние кај хероинот. Клиниките можат да користат метадон во третманот само со постојан надзор на употребата, а таквиот третман може да биде успешен само ако е комбиниран со психосоцијална терапија. Се произведува во облик на таблети или како зелена или бледожолта течност. Ризикот од предозирање е висок ако не се користи под строг лекарски надзор, особено ако се меша со други лекови или алкохол. Често се користи заедно со хероин, што може да доведе до предозирање и смрт.
Метадонска терапија
Метадонот е лек кој има ист ефект како опијат со полуживот од 24 до 36 часа. Постојат неколку видови на метадон. Најчесто се користи течен раствор со концентрација од 10 mg/ml (што значи дека 1 ml метадон е еквивалентен на 10 mg од истиот во цврстаагрегатна состојба).
блокирање на еуфоричниот ефект поврзан со хероинот
Дали терапијата со метадон е безбедна и ефикасна
Поголем број студии покажале дека терапијата за одржување со метадон е безбедна и смирува. Метадонската терапија е безбедна дури и за бремени жени. За повеќето луѓе кои долго време користат опијати, потребни се повисоки дози на метадон и терапија на неопределено време. Се покажало дека долгорочната терапија со метадон е поефикасна од краткотрајната терапија за детоксикација.
Зошто терапијата со метадон треба да биде долгорочна
Хроничната употреба на хероин предизвикува промени во хемијата и биологијата на мозокот кај голем број зависници. Кај некои поединци може да се случи функцијата на мозокот никогаш да не се врати во првобитната состојба. Зависноста од опијати се смета за хронична состојба, поради што третманот треба да биде континуиран, исто како и со другите хронични состојби (на пр. дијабетес, висок крвен притисок).
Одржување или намалување
Иако на помал број пациенти/зависници со текот на времето им престанува потребата за заменски лек, поголемиот дел од пациентите зависници треба да бидат на терапија подолг временски период. Утврдено е дека присилното намалување на дозата на лекот, без согласност на зависникот, не дава доволно добри резултати. Со други зборови, од луѓето на метадонска терапија не треба да се бара да се откажат од лекот (метадон) кој го подобрува квалитетот на нивниот живот.
Оптималната доза на метадон
Метадонската терапија подразбира лек, кој, како и кај другите лекови, подразбира одредена доза. За сите лекови, вклучувајќи го и метадонот, таа доза се определува поединечно за секое лице, врз основа на односот помеѓу пациентот/зависникот и лекарот, каде што лекарот ја зема предвид проценката на состојбата на пациентот, поединечните (метаболички) потреби и други медицински услови и терапии. Помалите дози на метадон може да бидат недоволно ефективни или може да изостане блокирачкиот ефект (земањето друг опијат, пред метадон, не дава еуфоричен ефект).
Се смета дека оптималните дози на лекот „метадон“ во терапијата на одржување се помеѓу 60 и 120. Дозите под 60 обично не се ефикасни бидејќи не обезбедуваат терапевтски ефект врз мозочните клетки.
Придобивки од употребата на метадон во заменската терапија:
Корист за лицето:
лицето останува живо, а можноста за смрт поради злоупотреба на дрога е намалена.
постигнува целосна апстиненција или барем значително ја намалува злоупотребата на дрога
преминува од „нечисти“ нелегални дроги на дрога „метадон“, чиешто внесување треба да го контролира блискиот Метадонски центар
го менува начинот на консумирање на супстанцијата (од интравенски во орален), со што се намалуваат другите здравствени проблеми
се намалува ризикот од заразување од различни патогени микроорганизми (вклучувајќи вирусни инфекции - ХИВ, хепатитис Б и хепатитис Ц)
одржување и постојан контакт со јавните служби
користење на метадон како средство за стабилизирање на секојдневниот живот
ја намалува потребата од вклучување во криминални активности
лицето на метадонска терапија останува охрабрено да донесува сопствени одлуки за својот живот
Корист за општеството:
се намалува бројот на смртни случаи од предозирање
се постигнува превентивен ефект во однос на сузбивање на ширењето на заразни болести кои се пренесуваат преку крв (ХИВ, хепатитис Ц)
се намалува бројот на лица кои се лекуваат од предозирање
се намалува бројот на криминални активности
се намалуваат судските и полициските трошоци
ја зголемува продуктивноста при работа и го намалува бројот на несреќи при работа
се намалуваат трошоците што ги имаат социјалните служби во однос на корисници/зависници од дрога
се зголемува севкупниот квалитет на живот, како за корисникот на метадонската терапија и за неговото/нејзиното семејство, како и за целото негово опкружување.
Заменската терапија генерално не ја елиминира физичката зависност, но им овозможува на луѓето да живеат здрав живот на легални и стабилизирачки дроги наместо нелегални и опасни дроги како хероин.