Шеќерна болест
Шеќерна болест или дијабетес (лат. diabetes mellitus грч. διαβήτης) е хронично системско пореметување на метаболизмот,[2] кое се одликува со хипергликемија, т.е. трајно зголемување на нивото на гликоза во крвта. Генерално е условен од наследни фактори,[3] а настанува како последица на намалено излачување или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на овие два фактори.[4] Тој недостаток ја попречува размената на јаглехидрати, масти и белковини во организмот (што се манифестира со карактеристични тегоби), а по подолго време влијае и на структурата и функцијата на крвните садови, нервите и другите витални органи и органски системи. Дијабетесот денес се вбројува меѓу најчестите ендокринолошки заболувања, со тенденција на зголемен пораст (особено во развиените земји на светот).[5] Тоа е последица на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки предизвикувачи, меѓу кои посебно се издвојува претераниот вишок на килограми. Шеќерната болест најчесто се јавува во поодмината животна возраст како последица на општите дегенеративни и склеротични промени во организмот (кои го зафаќаат и панкреасот), а кај младите лица може да настане поради генетски пореметувања или оштетувања на панкреасот кај одредени заразни заболувања.[6] Терминологија![]() Зборот дијабетес прв го употребил Деметрије од Аполонија околу 200 година п.н.е.[7] Таа е изведена од грчкиот збор διαβαίνειν кој во превод значи „тече низ“, што одговара на една од главнитех симптоми на оваа болест – непрестајно земање на течности и прекумерна продукција на урина (мокраќа). Во 1675 година Томас Вилис е на постоечкиот назив го додал зборот mellitus, кој е изведен од латинскиот јазика и во превод значи „сладок“ (ова е поврзано со слаткиот вкус на урината кај заболените личности). Метју Добсон во 1776 докажал дека слаткиот вкус потекнува од присуството на шеќер во крвта и мокраќата на дијабетичарите.[8] Зборот дијабетес обично се однесува на заболените од diabetes mellitus, иако постојат и други состојби кои во своето име ја содржат претставката дијабетес. Меѓу нив е најпознато заболувањето diabetes insipidus за кое не е карактеристичен слаткиот вкус на урината, а кое најчест настанува после оштетување на бубрезите или хипофизата. ИсторијаОва заболување е познато веќе повеќе од 3.500 години. Првпат е опишано на староегипатски папирус кој е откриен во 1862 година во гробница во околината на Теба. Неговата содржина во 1878 година ја дешифрирал германскиот египетолог Георг Еберс и дијабетесот во него е опишан како болест која се одликува со силна жед и често и обилно мокрење. Записите на санскритскиот јазик (околу 500 година пр. н. е) ја опишуваат како „медена мочка“, а шеќерната болест се споменува и во голем број други записи на лекари од претхристијанскиот период. Во почетокот на 1 век римскиот лекар Целзиј ги опишал болните со симптоми на дијабетес, а еден век подоцна античкиот лекар Аретеј од Кападокија во своите записи детално го опишал ова заболување. Отприлика во исто време приказ на болеста дале кинескиот лекар Чанг-Чанг и индискиот лекар Шушрута, кој вели дека тоа е болест на луѓето кои „консумираат многу ориз, храна со скроб и шеќер“. Јапонските лекари во 3 век воочиле дака кучињата ја лижат мочката на дијабетичарите (поради големата концентрација на гликоза), па почнале да ги користат овие животни во откривањето на болеста. Сличен принцип користел и Ратсимаманга, лекар од Мадагаскар, кој од своите пациенти барал да уринираат покрај мравјалник и потоа набљудувал дали мравките се собираат на урината.
![]() И покрај фактот дека за неа се знаело релативно долго, шеќерната болест за првпат експериментално е изучена и опишана кон крајот на XIX век.[9] Откривачката улога и значењето на панкреасот во настанокот на дијабетесот им е препишано на научниците Јозеф фон Меринг и Оскар Минковски. Тие во 1889 година откриле дека кучињата на кои им е отстранет панкреасот набрзо ги развиваат сите знаци и симптоми на шеќерната болест и дека потоа тие брзо умираат.[10] Сер Едвард Алберт Шарпеј во 1910 наговестил дека кај заболените од дијабетес недостасува една од супстанциите кои ги продуцира панкреасот, и тој предложил да ја наречат инсулин. Тој назив е изведен од латинскиот збор, insula кој во превод значи „остров“, што се однесува на фактот дека инсулинот ствара бета-клетки на Лангерхансови островчиња во панкреасот.[9]
Типови дијабетесРазликата помеѓу дијабетесот од тип 1 и тип 2 прв го открил и објавил Сер Херолд Персивал Химсворт во јануари 1936 година.[12]
Етиологија на болестаМетаболизам на гликозатаСо обзир на тоа дека инсулинот е основен хормон кој го регулира влегувањето на гликозата од крвта во повеќето клетки (освен во централниот нервен систем), неговиот недостаток или намалениот сензибилитет на рецепторот за инсулин играат главна улога во настанокот на разни облици на шеќерна болест. Поголемиот дел од јаглехидратите од храната во процесот на варење се претвора во моносахарид (прост шеќер) гликоза и во тој облик достигнува во крвта. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia