Методија Ваневски
Методија Ваневски (Битола, 13 јуни 1943 – Скопје, 28 јуни 2006) — македонски воен генерал, доктор на воени науки.[1] ЖивотописВаневски е роден на 13 јуни 1943 година во Битола, во занаетчиско семејство од мајка Нада и татко Никола. По завршувањето на основното образование својот образовен процес го продолжил во Битолската гимназија која ја завршил во 1962 година, по што продолжил на Воената академија на Копнената војска на ЈНА и успешно ја завршил во 1965 година. Командно-штабна академија на Военото воздухопловство и противвоздушна одбрана завршил во 1985 година, а Школа за национална безбедност и одбрана завршил на Националниот универзитет за одбрана во Вашингтон (САД) во 1997 година (бил првиот офицер во историјата на Р Македонија кој дипломирал на најпрестижниот генералски колеџ во САД со највисоки почести, ниво на докторат).[1] Унапредувања
ДолжностиВо својата кариера службувал во неколку различни гарнизони како припадник на ЈНА, а подоцна и на АРМ, и тоа во: Рајловац (1965 - 1974), Битола (1974 - 1979), Ниш (1986 - 1989) и на двапати Скопје (1979 - 1986 и 1989 - 2002). Во професионалниот ангажман како армиски офицер извршувал повеќе должности:[1]
Награди
СемејствоСо сопругата Параскева имале две деца, ќерка Константина (1970) и син Вангел (1978).[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia