Методија Спасовски

Методија Спасовски
Лични податоци
Роден на 4 февруари 1946(1946-02-04)(79 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Позиција Крило
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1963–1974 Вардар 314 (64)
1974–1977 1. ФК Сарбрикен 60 (4)
1977–1978 Вардар 25 (7)
Вкупно 399 (75)
Репрезентација
1968–1969 Југославија 3 (3)
Тренер на екипи
1988–1989 Вардар

Методија Спасовски (Скопје, 4 февруари 1946) — македонски поранешен фудбалер кој играл како крилен напаѓач. За репрезентацијата на Југославија настапил три пати.

Клупска кариера

Спасовски за неговиот матичен клуб Вардар одиграл вкупно 647 натпревари во сите натпреварувања, при што постигнал 212 гола, со што станал вториот најдобар стрелец на клубот.[1]

Репрезентативна кариера

Спасовски дебитирал за Југославија на пријателскиот натпревар против Бразил во декември 1968 година, на кој веднаш постигнал гол. Вкупно одиграл три натпревари за репрезентацијата и постигнал три гола. Неговиот последен репрезентативен настап бил на квалификацискиот натпревар за Светското првенство на ФИФА во октомври 1969 година против Белгија.[2]

Наводи

  1. Profile – FK Vardar (на македонски)
  2. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 2020-05-04.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya