Мето Јовановски (писател)
Мето Јовановски (26 октомври 1928 во Брајчино — 23 декември 2016 во Скопје) — македонски раскажувач и романописец и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа негов почесен претседател.[1] ЖивотописБил претседател на македонскиот ПЕН Центар. На 9 ноември 2006 година заедно со Слаѓана Тасева ја основал невладината организација за борба против корупцијата „Транспарентност - нулта корупција“. Исто така, бил дел од уредничките тимови на списанијата „Современост“ и „Хоризонт“. ТворештвоЈовановски најчесто обработува теми и мотиви од обновата и изградбата на Македонија во периодот по Втората светска војна, а понекогаш и од НОБ. Раскажува реалистично и мошне живо.[2] БиблиографијаЈовановски е автор на збирките раскази:
На романите:
На книгите за деца:
Автор е и на патописот „Клучевите на Манхатан“, 1983, а има напишано и радио и тв-драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“, 1978 и на лексиконите „Кој е кој, што е што“, 1963 и „Мал литературен лексикон“, 1971.[3] Негови дела, особено расказите, се објавени на повеќе светски јазици. Преведува од англиски и руски јазик. ПогребМето Јовановски бил погребан во неговото родно село Брајчино.[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia