Мечкели
Мечкели или Мицикели (грчки: Μιτσικέλι, Мицикели) — планина во Јанинско, Епир, Грција, дел од венецот Пинд. Сместена е северозападно градот Јанина и нејзиното езеро. Највисокиот врв, исто така Мечкели, се издига на 1.810 м надморска височина.[1] Планината е дел од Националниот парк „Пинд“ и е членка на мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (GR2130008).[2][3] Потекло на иметоИмето го добило бидејќи на планината имало многу мечки. Мицикели (Μιτσικέλι) доаѓа од македонскиот збор „мечка“ и грчкиот збор „κελλίον“ што значи дувло. ГеографијаПланината се протега во должина од 35 км, од селото Калпаки на северозапад до источниот дел на Јанинското Езеро на југоисток. Мечкели ја образува југозападната граница на областа Загори. Планината се одводнува од реките Тијамис, Водоматица (притока на Војуша) и Арахтос. Најблиски околни планини се Тимфи на север, Лигос на североисток и Пелистер на исток. Најблискиот град е Јанина, сместен југозападно од планината. Други населени места на планината се Долна Студена и Добра на северозападниот, Чудила и Перивлептос на централниот и Говрица во југоисточниот дел. Автопатот ЕО6 (Лариса - Трикала - Јанина - Игуменица) поминува јужно, а ЕО20 (Кожани - Коница - Јанина) поминува западно од планината. Северозападно од истоимениот највисок врв се наоѓаат врвовите Каминија (1.748 м), Јаника (1.614 м), Чука (1.586 м), Гифтос (1.456 м), Света Петка (1.397 м), Паратиритирио (1.407 м) и Харамандас (1.190 м).[4] На врвот Мечкели е сместена телекомуникациска кула. Во јужниот дел на планината се наоѓа пештерата Перама, долга 1.100 м.[5] Растителен и животински светПланината Мечкели е значајна по богатата шума и планинските пасишта. Шумскиот појас е претставен претежно од листопадни дрвја (бука, даб, леска, јавор и габер) како и зимзелени иглолисни дрвја.[6] Јужните падини на планината се подостапни, поради што е многу раширена сечата на дрва која ја пустоши шумата и застапени се само нискостеблести и грмушести растенија. Флората е претставена со околу 65 семејства, 239 родови и 448 видови.[6] Според министерството за животна средина на Грција, во заштитеното подрачје на планината има 8 ендемични видови на растенија.[3] Најчести претставници на животинскиот свет на Мечкели се: волкот, мечката, дивата свиња и срната. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia