Пелистер (Грција)
Пелистер или Лакмос (грчки: Περιστέρι, Λάκμος) — планина венецот Пинд, сместена во источна Јанина во Епир и западна Трикала во Тесалија. Нејзиниот највискиот врв, исто така Пелистер, се издига на 2 295 метри надморска височина.[1] Се протега во должина од 20 км, од селата Големо и Мало Готишта на запад, па речиси до Мечово на исток. Најблиски околни планини се Џумерка (Атаманика, Ѕумерка) на југ, Лигос на север и Мечкели на запад. Планината се одводнува од реката Мечовица и нејзините притоки на север, запад и југ, како и Ахелој на исток. Мечовица потоа тече на југ и откако ќе прими извесни притоки ја образува Арахтос. Најблиското гратче е Мечово, сместено на североисточниот крај. Други населени места на планината се Лепеница (Антуса) во југоисточниот, Дервендишта (Антохори) во северниот, Големо Готишта (Мегали Готиста) во западниот и Провала (Ватипедо) во југозападниот дел. Автопатот „Егнатија“ (А2) (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун - Дедеагач) поминува северно од планините. Поврзано
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia