Свети Илија (село)За други значења на поимот, погл. Свети Илија (појаснување).
Свети Илија или Мечкили (грчки: Προφήτης Ηλίας, Профитис Илијас) — село во општина Вртикоп, Воденско, Егејска Македонија, денес во Постолскиот округ на областа Централна Македонија во Грција. Населението брои 1.036 жители (2011).[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа источно од градот Воден и северно од градот Вртикоп, на надморска височина од 60 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 19 квадратни километри. Селото е сместено во Солунското Поле, на околу 2 км западно од селото Калиница. Низ Свети Илија минува реката Мегленица. ИсторијаВо минатото, селото било населено со македонско и со турско население.[3] Во септември 1910 година селото настрадло за време на разоружувачката акција на младотурците. Од селото биле собрани 10 пушки „Гра“, 8 кубури и 7 револвери. Дел од селаните биле истепани, а осум уапсени и одведени во Вртикоп.[4] Во 1924 година Турците се иселени во Турција согласно Лозанскиот договор и на нивно место се населени грчки доселеници од Мала Азија, Источна Тракија и Понт (вкупно 242 бегалци).[3][5] Во 1928 г. селото имало мешано население,[6] со 451 доселеници (108 семејства) и 230 староседелци.[7] СтопанствоГлавни производи на селото се: овошје (големи количества праски и јаболка), бостан, сусам и пченица, а делумно е развиено и краварството.[3] НаселениеСпоред делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ (1878), во 1873 г., Свети Илија (St Ilia) било село во Воденската каза со 66 куќи и 215 машки жители Македонци христијани и 85 Македонци муслимани.[8] Според Николаос Схинас (Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας) во средината на 1880-тите, Свети Илија (Άγιος Ηλίας) имало 36 семејства христијани.[9] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 310 Македонци и 220 Турци.[3][10] Според податоци на секретарот на Бугарска егзархија, Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Свети Илија (Sveti-Ilia) имало 160 Македонци и 60 Власи, и работело грчко училиште.[11] В 1910 година в селото (Άγιος Ηλίας) имало 75 жители егзархисти.[12] Според податоци од 1920 г. селото Свети Илија има 20 куќи на Словени христијани и 40 куќи на Роми христијани.[13] Свети Илија во пописот од 1913 година било водено со 286 жители (од кои 164 мажи и 122 жени[6]). Во друго издание на грчката статистика се сретнува податокот од 557 жители, што изгледа е поточно. Во 1920 година селото броело 533 жители. По иселувањето на Турците во Турција, грчките власти населиле поголем број грчки бегалски семејства (вкупно 242 бегалци). Така, селото повторно станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со 681 жител, а во 1940 година со 998 жители, од кои 405 Македонци и 593 бегалци. Бидејќи не претрпело загуби во Граѓанската војна и бидејќи земјиштето е многу плодно и делумно се наводнува, селото покажало зголемување на населението. Во пописот од 1951 година биле попишани 1.038 жители, во 1961 година 1.087, во 1971 година 1.146, во 1981 година 1.212, а во 1991 година 1.477 жители.[3] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.290 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.036 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Свети Илија, во кој е единствено село. ПоврзаноНаводи
Белешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia