Меѓународна организација на трудот
Меѓународна организација на трудот (МОТ) — специјализирана агенција на Обединетите Нации која се занимава со прашањата поврзани со трудовата проблематика.[1] Нејзиното седиште е во Женева. Основана е во 1919 година и во периодот до Втората светска војна е агенција на Друштвото на Народите. Во 1946 година МОТ станува прва специјализирана агенција на ОН. Од 2012, во МОТ членуваат 185 земји од светот. Република Македонија е членка на МОТ од 28 мај 1993 година. МОТ се залага за зајакнување на работничките права, за подобрување на работните и животните услови на работниците, за создавање на нови работни места и за обезбедување пристап до информации и обука. Една од основните функции на МОТ е воспоставување на меѓународни стандарди на заштита на работничките права. МОТ има трипартитен состав, односно негови членови се претставниците на државите, синдикатите и работодавците. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1969 година.[2] Литература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia