Микел Астарлоса
Микел Астарлоса Шоро (шпански: Mikel Astarloza Chaurreau; р. 17 ноември 1979 во Гипускоа, Баскија) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој настапувал како професионалец од 2002 до 2009 и од 2011 до 2013 година.[1] КариераВо 2003 ја освоил својата прва трка, кога завршил пред Лени Кристенсен во генералниот пласман на австралиската трка Тур Даун Андер. Учествувал во сите изданија на Тур де Франс од 2003 и ја освоил етапата 16 на Тур 2009, кога ја забележал втората професионална етапна победа во некое натпреварување (за екипата Еускалтел), додека 9. место во генералниот пласман во 2007 бил неговиот најдобар резултат. Неговиот братучед Ињиго Шоро е исто така професионален велосипедист. На 26 јуни 2009 се покажал позитивен на ЕПО, поради што бил суспендиран од UCI на 31 јули 2009.[2] Астарлоса негирал дека користел ЕПО, велејќи дека тоа би било „спортско самоубиство“ да користи нелегални дроги за постигнување резултати.[3] На 5 мај 2010 официјално бил казнет со двегодишна суспензија од шпанската велосипедска федерација. Астарлоса постојано ја истакнувал својата невиност, додека Еускалтел-Еускади објавиле дека повторно ќе го примат како нивен член по завршувањето на казната.[4] Ѝ се приклучил на баскиската екипа во август 2011, на Вуелта а Бургос.[5] Астарлоса бил избран да вози на Тур де Франс 2012, но доживеал пад во големата несреќа на етапата 6 на 25 километри пред целта, каде се здобил со фактура на десниот лакот и не ја завршил етапата.[6] На 1 октомври 2013, Астарлоса објавил дека ќе се повлече од професионалниот велосипедизам по завршувањето на Трката околу Пекинг.[1] Достигнувања
Распоред на резултатите на Гранд Тур
СО = се откажал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia