Милка Шопова
Милка Шопова ( 1924 во Дебар — 2012) — македонска универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1][2] ЖивотописМилка Шопова докторирала во 1961 година во Скопје. Нејзиниот истражувачки потенцијал ја однел на специјализација во институтот Џон Инс Хартворд Хертс во Англија, кај прочуениот научник и предавач, цитогенетичарот Дарлингтон. Своето знаење по цитогенетиката го поткрепува со студискиот престој на Институт за генетика при Универзитетот во Бирмингем. Држела предавања од областа на цитогенетиката на Универзитетот во Мериленд, САД, и на Универзитетот во Краков, Полска. Шопова има објавено над 130 научни трудови, воглавно од областа на цитогенетика, мутагенеза и анатомија на растенијата. Нејзините трудови освен во домашните (СФРЈ), биле објавувани и во меѓународни, престижни списанија и други публикации. Оставила длабока трага со своите залагања и тридови за развој на Институтот за биологија при Биолошкиот факултет во Скопје.[3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia