Мира Фурлан
Мира Фурлан (7 септември 1955, Загреб — 20 јануари 2021, Лос Анџелес) — една од најголемите ѕвезди на југословенскиот филм во 1980-ите, па до нејзината смрт. Била позната на меѓународен план по нејзините улоги во сериите Вавилон 5 и Изгубени[2]. ЖивотописФурлан е родена во 1955 во Загреб, каде што дипломирала глума на Академијата за драмски уметности, а во 1978 станала членка на Хрватскиот народен театар. Филмското деби го имала во „Киклоп“ во 1982 година, за што освоила Златна арена за најдобра споредна улога на Филмскиот фестивал во Пула, по што станала една од водечките југословенски глумици. Во 1986 година била наградена и со Златна арена за најдобра глумица за „Убавината на порокот“[3]. Од крајот на 1980-ите главно работела во Белград, а во 1991 се преселила во САД, каде што продолжила да глуми, остварувајќи ги најзабележителните улоги во сериите „Вавилон 5“ и „Изгубени“[4]. Од 2004 до 2008 година глумела во американската серија „Изгубени“, серија со планетарен успех.[5] Во Хрватска се вратила во 2002 година, играла главна улога во претстава во режија на Раде Шербеџија[6]. По враќањето во поранешна Југославија, Мира Фурлан глумела и во српски филмови и серии, а најмногу се истакнала во филмот „Тур“ и ТВ-серијата „Се вратија штрковите“. Таа повремено пишувала и колумни за списанието Ферал трибјун од Сплит[7]. Истакнатиот режисер Рајко Грлиќ за неа изјавил „Мира беше најголемата југословенска и хрватска глумица од мојата генерација“. „Кревка и силна, исклучително чувствителна и истовремено храбра жена“. ФилмографијаНагради и признанија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia