Михал Апостолов - Гранити
Михал Апостолов - Гранити (25 ноември 1923 во Крчишта, Нестрамско — 31 март 1948 на Грамошта) — борец и воен раководител од Егејскиот дел на Македонија. Учесник во ЕЛАС од почетокот на 1943 година.[1] ЖивотописРоден е во селото Крчишта, Нестрамско. Михал уште на 20 годишна возраст се приклучил во редовите на КПГ, бидејќи само тие ветувале слобода за македонскиот народ во Егејска Македонија. а од 1943 година веќе бил дел од единиците на ЕЛАС, во чии редови херојски се борел против фашистите за ослободување на својата татковина.[2] Тој бил член на одредот „Лазо Трповски“ од самото негово основање. Поради несогласувањата со раководството на КПГ (во мај 1944 година), тој преминал на територија на Вардарскиот дел на Македонија, а истиот месец станал политички комесар на чета на Костурскиот македонски народно-ослободителен баталјон. Тој бил именуван за командир на вод во Костурско-леринскиот македонски народно-ослободителен баталјон „Гоче”, а потоа станал член на штабот на ДАГ за Вичо (ноември 1946) и политички комесар на баталјон на ДАГ.[1][3][4][5] Михал, како ѝ целото свое семејство, бил целосно посветен на борбата за ослободување на народот. Неговата сестра Елефтерија служела во народната полиција и работела меѓу непријателските војски. Поради тешките услови, нејзиното здравје било влошено. Неговиот 19-годишен брат Апостол, исто така бил во редовите на ДАГ, бил убиен во 1948 година кратко време по херојската смрт на Михал.[2] Гранити демонстрирал воени можности и набрзо станал офицер на ДАГ, комесар на баталјон. Во архивата на 14-та бригада на ДАГ, каде што тој служел како комесар на баталјон, опишан е со зборовите - „тој беше чесен, дисциплиниран, посветен борец“. На еден брифинг на кадрите на ДАГ во февруари 1948 година, одржал краток говор и меѓу другото истакнал:[2]
Гранити достоинствено го исполнил тоа негово ветување. На 31 март 1948 година, водејќи го баталјонот во нееднаквата Битка на Грамошта (Грамос), тој херојски загинал.[1][2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia