Крчишта (дијалектно : Крчишча ; грчки : Πολυάνεμο , Полианемо ; до 1926 г. Κόρτσιστα , Корциста [ 2] ) — село во Костурско , Егејска Македонија , денес во општината Нестрам од Костурскиот округ на Западна Македонија , Грција . Сè до неговото растурање било населено исклучиво со Македонци .[ 3]
Географија
Селото се наоѓа на 27 км западно од градот Костур , близу границата со Албанија .
Историја
Во Отоманското Царство
Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. со 87 семејства под името Крчиште .[ 4]
На крајот на XIX век Крчишта било село во Рупишката нехија на Костурската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. Крчишта (Krtchischta ) било село со 67 домаќинства сочинети од 220 жители Македонци .[ 5] [ 6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 г. Крчишта имало 385 жители Македонци христијани, 30 Турци и малку Арнаути христијани.[ 5] [ 7] Немакедонското население подоцна се иселило и селото останало чисто македонска населба.[ 3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крчишта е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 50 куќи.[ 8]
Црквата „Св. Матрона Хиоска “ е изградена на крајот на XIX век.[ 9] [ 10] Познато е дека околу 1892 г. родот Ангеловци (1 куќа) се преселил во соседното Долно Папратско .[ 11]
На почетокот на XX век жителите на Крчишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда . По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 г. во селото имало 384 Македонци под патријаршијата и работело грчко училиште.[ 5] [ 12]
Според грчка статистика од 1905 г. селото имало 450 жители.[ 13] Според Георги Константинов Бистрицки, Крчишта пред Балканските војни имал 60 македонски куќи.[ 5] [ 14] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Крчишта има 50 куќи на Македонци христијани.[ 15]
Во 1907 г. селото имало 60 куќи и било чифлик на пашата од Лесковик . Населението било претежно под патријаршистичко со малку егзархистички жители. Меѓу нив имало поединци што активно ги потпомагале андартските чети во нивните напади на околните македонски егзархиски села како Косинец .[ 16] Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Крчишта имало 45 македонски куќи со 245 жители. Имало црква и училиште.[ 5] [ 17]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 318 жители кои во 1920 г. се намалиле на 243.[ 3] Во 1928 г. селото имало 249 жители,[ 3] од кои само еден бил грчки дојденец.[ 18]
Во 1926 г. селото е преименувано во Полианемо.
За време на окупацијата во Втората светска војна во 1943-1944 г. во селото се издавал вестникот „Славјано-македонски глас “, орган на Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ).[ 19]
За време на Граѓанската војна селото силно настрадало. Целото население го напуштило,[ 3] а 56 деца се изнесени од државатак како деца-бегалци .[ 20]
Селото е обновено по војната од жители од соседните доселенички села Шак и Ревани . Така, од чисто македонско, селото станало чисто грчко.[ 3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
270
0
143
59
43
60
63
11
11
Извор за 1940-1991 г. : Т. Симовски , Населените места во Егејска Македонија
Личности
Михал Апостолов - Гранити
Поврзано
Наводи
↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“ . Државен завод за статистика на Грција.
↑ „Πανδέκτης: Kortsista -- Polyanemo“ . pandektis.ekt.gr . Посетено на 29 април 2023 .
↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF) . II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 27. ISBN 9989-9819-6-5 .
↑ Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF) . Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 116.
↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г . София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 107–108. ISBN 954-8187-21-3 .
↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика . София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X .
↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF) . Каламус. стр. 99.
↑ „Οι δύο ενοριακοί ναοί της Αγίας Ματρώνας σε χωριά της Καστοριάς {+ 20 Οκτωβρίου}“ . Φως της Καστοριάς . 13 јули 2019. Посетено на 15 јули 2019 .
↑ „Ασυνήθιστοι ναοί στην περιοχή της Καστοριάς“ . Ιστορικά Καστοριάς. 16 декември 2019. Посетено на 29 јануари 2020 .
↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF) . Насеља српских земаља . стр. 57.
↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF) . Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Polianemo Архивирано на 26 јули 2007 г. .
↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF) . Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 6.
↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF) . Насеља српских земаља . стр. 17.
↑ „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., ISBN 954-9514-56-0, стр. 40.
↑ Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, в: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр.213.
↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Polianemo Архивирано на 26 јули 2007. .
↑ Македонска енциклопедија , том II . Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1605. ISBN 978-608-203-024-1 .
↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Polianemo. , Архивирано од изворникот на 2007-07-26, Посетено на 2008-02-25
↑ 21,0 21,1 Колектив (2010). Бежанците от Македония във Варна (сборник - III част) . Варна: „Фондация Българи от Македония“. стр. 60.
↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF) . София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 160. ISBN 954-9800-52-0 .
↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF) . София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 485. ISBN 954-9800-52-0 .
↑ Колектив (2010). Бежанците от Македония във Варна (сборник - III част) . Варна: „Фондация Българи от Македония“. стр. 55.
Населени места во општината
Нестрам ОЕ Акритес 1 ОЕ Аренес 1 ОЕ Грамошта ОЕ Нестрам Историски 1 Новодаден збирен назив. • 2 Без трајни жители.