Мишколц
Мишколц (унгарски: Miskolc; словачки: Miškovec; полски: Miszkolc) — град во североисточна Унгарија, во главно во кој е сместена тешката индустрија на унгарската држава. Со населени од околу 180,000 (2001) Мишколц е третиот најголем град во Унгарија, веднаш после Будимпешта и Дебрецен. Исто така тој е и главен град на округот Боршод-Абауј-Земплен како и регионален центар на Северна Унгарија. ИмеГрадот неговото име го добил по унгарското племе Мишкоц. ГеографијаГрадот се наоѓа во северниот дел на Унгарија, сè на сè оддалечен е 35 км од словачката граница. Од главниот град на државата градот е оддалечен 180 километри североисточно. Со Будимпешта е поврзан со добри сообраќајни врски (современиот автопат М3). Мишколц се наоѓа на северниот крад од Панонската низина, на надморска височина од 110-120 м. Северозападно од градот се наоѓа планината Аваш. Источно од градот тече реката Шајо. Климата во градот е умерен континентална. НаселениеМишколц денеска има околу 170,000 луѓе и е трет град по големина во државата (Дебрецин го стигнал ред 10-тина година). Градот во последните неколку години се опоравува благодарение на економијата и транспортот. Најголем број од станарите на градот се Унгарци. ОбразованиеНајважна градска образовна установа во градот е Мишколачкиот универзитет, основан во 1949 година. Галерија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia