Мрморец
Мрморец или тритон (лат. Triturus) — род од редот опашестите водоземци (Caudata; Urodela), кои се помали од дождовниците (Salamandra). Во времето на парењето, мажјакот развива кожен набор на грбната страна, кој може да помине и на опашката, по што јасно се разликува од женката. Некои видови живеат постојано во вода, а други само при парењето и полагањето на јајца, а потоа се повлекуваат на копно, каде што и презимуваат. Кај нас живеат 4 видови мрморци, и тоа се:
ИзворМакедонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1511. ISBN 978-608-203-023-4.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia