Буково е планинско село, оддалечено 21 километар северно од Неврокоп и 33 километри југоисточно од Банско. Селото се наоѓа на левата страна од реката Места.
Историја
Покрај селото се наоѓа доцноантичката и средновековна тврдина Момина Кула.
Во XIX век, Буково е муслиманско село во Неврокопската каза на Османлиското Царство.
В 1891 година Георги Стрезов пишува за селото:
Буково, три часа оддалечено од Неврокоп, 1⁄2 час од Места. Дрводелци; прават катран, продаваат борина; 40 куќи, Помаци.[2]
Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век во Буково имало машко население од 170 души, кои живеат во 50 куќи.[3]
Атарот на селото зафаќа површина од 16.5км². Пониските делови од атарот се покриени со тревна вегетација, додека на повиските делови преовладуваат шумите.[6]
Демографија
Според пописот од 2011 година во селото имало 917 жители.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во Буково:[8]