Мушереф Лозана
Мушереф Прекиќ Лозана – Мишка (турскиːMüserref Lozana, 18 август 1933, Приштина - 29 март 2019 во Скопје) — македонска глумица[1], доајенка на Турскиот театар во Скопје. ЖивотописБила член на Обласниот театар во Приштина (1951-1955), а потоа (1955-1991) била член на драмата на Турски театар - Скопје. Улоги: Скамполо и Мирандолина во истоимените дела, Ана („Мајка Храброст“), Емина („Лудата Емина“), Долорес („Јерма“), Капларот („Кавкаски круг со креда“). Била добитничка на многубројни награди и признанија меѓу кои: награда за најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Капларот во претставата „Кавкаски круг со креда“ (Прилеп, 1988), награда „Глумец на годината“ на ревијата „Екран“ (Скопје, 1989), награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ (Прилеп, 1998), награда за животно дело “Златен дедал” – Европска филмска академија ЕСРА (Скопје, 2012) и награда “13 Ноември” на Град Скопје од областа уметноста – за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје (Скопје, 2016). Починала во Скопје на 29 март 2019 година.[2] Филмографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia