Мшчонув
Мшчонув (полски: Mszczonów; јидиш: אַמשינאָוו, Амшинов) — град во Мазовското Војводство, во средишниот дел на Полска. Има 6.409 жители (2016)[1] и е административен центар на истоимената градско-селска општина. ГеографијаГрадот се наоѓа во историската област Мазовија. Сместен е покрај реката Окшеша на 50 км југозападно од главниот град Варшава. ИсторијаМшчонув првпат се споменува во 1245 година (во документ на кнезот Конрад I Мазовецки). По археолошки ископувања на стари гробишта од XII век во градот се оформува мислење дека населбата е постара повеќе од еден век од споменатата година. Мшчонув добил градски права во 1377 година од кнезот Шемовит III Мазовецки. Градот има еврејска заедница и некогаш бил центар на хасидската династија Амшинов (затоа Мшчонув на јидиш се нарекува Амшинов). Збратимени градовиМшчонув е збратимен со следниве градови:
Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia