НУЦК „Марко Цепенков“Националната Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот Прилеп кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, глумци, музичари, слободоумни луѓе со визија. Својата дејност ја започнува 1979 година како Дом на Културата, со специјално подготвената театарска претстава „Факел“ од Коце Солунски. Во почетокот Домот на Културата ги потикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови.[1] Во 90-те години во склопот на Домот на Културата влегуваат КПЗ на град Прилеп, Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ и ЦСЛУ. Домот на Културата „Марко Цепенков“ прераснува во Центар за Култура „Марко Цепенков“ Прилеп со професионална и значајна издавачка, ликовно - галериска и сценско музичка дејност. ЦК „Марко Цепенков“ во 2004 г. го добива статусот: Национална Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ и дотогашниот Народен театар „Војдан Чернодрински“ влезе во нејзини рамки. Необично е тешко и речиси невозможно да се систематизираат, па дури и само да се набројат сите културни настани кои се создале, се промовирале, се зародиле, се одиграле во НУЦК„Марко Цепенков“ Прилеп. Оваа институција е голема поддршка за сите аматери но пред сè голем репрезент на високо професионални театарски, литературни и ликовни дела. За својата исклучително значајна културна дејност како и за инзвондредните пред сè театарски и музичко сценски изведби во 2009г. НУЦК„Марко Цепенков“ ја доби најпрестижната награда на град Прилеп „3 ноември”. Сценско музичка дејностКУД „Моминок“Од 90-те години па до денс, КУД„Моминок“ во доменот на сценско музичката дејност на НУЦК дава голем придонес негувајќи го фолклорот и богатото културно наследство на овие простори и пошироко.[2] Октет ПрилепЦели 15 години во НУЦК„Марко Цепенков“ твори октетот „Прилеп“ кој негувајќи го страоградскиот мелос е достоен репрезент на оваа институција на многу фестивали во земјава. Танцово студио ЗОДИЈАКУспешни години работа и за танцовото- балетско студио „Зодијак“ под раководство на Кире Миладиноски. Респектабилно име во колективните и поединечните изведби на уметнички перформанси дома и во странство Младинско драмско студио „Театар - Чин 4 Сцена 5“Работи повеќе од седум години и анимира голем број малди вљубеници во театарската уметност. Во продукција на МДС се организира фестивалот на кратка современа драма „Гола Сцена“. МДС има одиграно повеќе театарски претстави, а со некои од нив има и учествувано на Драмскиот аматерски фествал ДАФ во Кочани. Еве некои претстави од репертоарот на МДС:
Ликовно-Галериска дејностВо организација на НУЦК „Марко Цепенков“ се одржуваат повеќе ликовни колонии и иложби на слики во Ликовната Галерија од домашни и странски автори. Во склоп со центарот за култура е формирано и Друштво на ликовни уметници Прилеп - ДЛУП. ДЛУППродажна галерија АЧЕВо ЦК „Марко Цепенков“ во соработка со ДЛУП е отворена продажна галерија АЧЕ. Прилепските уметници ќе можат да продаваат свои дела во галеријата која ќе работи попладне од 18 до 22 часот. Практично ова е реактивирање на галеријата која функционирала пред повеќе од 15 години.[4] Издавачка дејностОд 90-тите години во склоп со НУЦК „Марко Цепенков“ се издава списанието за Литература, уметност и култура „Стремеж“, во кое може да се прочитаат секакви видови на раскази, есеи, песни, но и критики за некои дела од страна на професионалци. ФестивалиМакедонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински, драмски автор, глумец и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.Првата претстава на овој реномиран фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година. На Фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски/драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија а особено се афирмира македонското драмско творештво.Фестивалот има натпреварувачки карактер во Официјалната програма.Фестивалот е од посебен државен интерес и единствен од ваков вид Финансиран од Министерството за култура на Р Македонија, Локалната самоуправа и од донации и спонзорства.[5] ФИНПИ „Пеце Атанасоски“Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ - Долнени, Прилеп Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ (прво како Смотри, потоа како Фестивал „Марко Цепенков“ за потоа да го носи името на својот идеен творец) четири децении само сака да го зачува , да го негува и пренесува македонското изворно богатство. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia