Пеце Атанасовски
Пеце Атанасовски[б 1] (Долнени, 25 октомври 1925 — Скопје, 14 септември 1996) — македонски играорец и инструменталист, кој е сметан за најпознатиот македонски гајдаџија и еден од најплодните собирачи на македонски народни песни и ора.[1] ЖивотописПеце Атанасовски е роден на 25 октомври 1925 во селото Долнени. Неговите први музички настапи започнале на Радио Скопје во 1946 година, како и во ансамблот „Танец“ во 1950 година. Во периодот од 1959 до своето пензионирање бил раководител на Оркестарот на народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет културно-уметнички друштва во Македонија. Од 1966 година, па во текот на следните 29 години, раководел со Фолклорната школа за странци во Отешево. Во 1973 година го основал и бил директор на Долненскиот фестивал. Со своите гостувања со разни културно-уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на македонскиот мелос. Како светски признат народен инструменталист држел часови на повеќе универзитети низ светот, меѓу кои и во Лос Анџелес и Токио. Починал на 14 септември 1996 година во Скопје.[1] НаградиАтанасовски бил носител на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен, Англија, Брно, Чешка итн. Во конкуренција на 1.800 гајдаџии од целиот свет, тој го освоил првото место и наградата „Златна гајда“ на фестивалот во Ериче, Италија во 1968 година.[1] Во 2022 година, постхумно му е доделен Орден за заслуги за Македонија. ТворештвоВо текот на својата кариера, Атанасовски собрал фолклорна збирка од околу 20.000 народни песни и ора.[1] Освен нив, компонирал и новосоздадени фолклорни песни, меѓу кои се издвојуваат „Ајде чудо, чудо“ и „Като, Като, Катерино“.[2] ЧествувањеДолненскиот фестивал по смртта на Пеце Атанасовски бил именуван во негова чест и го добил името Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Споменици во негова чест се подигнати во родното село Долнени и во Прилеп.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia