Долнени се наоѓа во Прилепското Поле, во јужниот дел од територијата на истоимената општина, недалеку од патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и се протега на надморска височина од 622 м. Неговиот атар зафаќа површина од 14,2 км2. Од Прилеп е оддалечено 15 км.[2]
Историја
Се претпоставува дека во близина на селото во минатото постоеле други населби во месностите: Пречна, Слатина и Могила. Денешното село се смета дека е основано по пропаста на тие населби. Најстар познат род од селото се Јанкуловци. Во отоманско време, селото најпрвин било рајатско, а потоа насилно биле формирани чифлизи.[3]
Селото има полјоделска функција. Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште праовладува на површина од 1.198,4 ха, пасиштата зафаќаат површина од 174,2 ха, а на шуми отпаѓаат 2,8 ха.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долњани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[9]
Долнени било најголемо село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 858 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 424 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Долнени живеат 375 жители, од кои 374 Македонци и 1 останат.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 300 жители, од кои 287 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 11 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Староседелци или доселени со непознато потекло:Јанкуловци (10 к.) најстар род во селото, изгледа се староседелци; Јандровци (5 к.) стар род, изгледа доселени се однекаде; Грневци (3 к.) стар род како и Јандровци;
Доселеници:Огњановци (8 к.) доселени се од селото Којчево во Мариово (?), основачот на родот се викал Огњан, го знаат следното родословие: Огњан (жив на 72 г. во 1950-тите) Ѓоре-Анѓеле-Мојсо-Ѓоргија-Огњан, основачот на родот кој се доселил; Војводовци (9 к.) гранка се од родот Огњановци; Пиралковци (4 к.) потекнуваат од домазет, доселен однекаде, кој влегол во делумно иселениот и изумрен род Ѓоревци; Шултиковци (10 к.) доселени се однекаде; Диовци (17 к.) доселени се од селото Дихово во Битолско; Орешани (28 к.), се делат на Богоевци, Филиповци, Сугаревци, Прдешковци и Бакалевци. Доселени се во средината на XIX век од селото Ореше во Велешко; Шилевци (8 к.) доселени се од селото Шилево кај Ѓавато; Митревци (10 к.) гранка се од родот Шилевци; Ајтовци (12 к.) доселени се од селото Ѓавато; Егејци или Ранчановци (1 к.) доселени се во 1947 од околината на Лерин (Егејска Македонија).[16]
Општествени установи
Во селото работи основното училиште „Пецо Даскалот“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[17] Освен тоа, во селото има амбуланта, пошта, дом на културата, земјоделска задруга, ветеринарна станица, продавница и угостителски објекти.[2]
Селото е опеано во народната песна „Отидов в село Долнени“ во изведба на оркестарот на Стевче Стојковски. Песната е во продолжение:
„
Отидов в село Долнени, де,
там најдов сено косено, де,
там најдов сено косено, де,
и на сено велам, говорам, де.
На сено велам, говорам, де,
вени се сено косено, де,
вени се сено косено, де,
како што се вене млад јунак, де.
Како што се вене млад јунак, де,
за девојче селанче, де,
за девојче селанче, де,
со везено коланче, де.
Море, што ќе биде селанче, де,
нека биде граѓанче, де,
нека биде граѓанче, де,
со шарено фустанче, де.[20]
“
Културни и природни знаменитости
Црквата „Вознесение Христово“
Секоја година во селото Долнени во месноста Рудина се одржува фестивалот на народни иструменти, ора и игри, посветен на светски познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски кој бил од ова село.
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 јули 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN9989649286.
↑Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN978-608-65143-2-7.