Нада Беловска - ПоповаНада Беловска - Попова (16 јули 1923 во Кочани — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1] ЖивотописОд мај 1941 година учествувала во сите акции што ги организирала партиската организација во Кочани. Била член на просветна група, а од втората половина на 1942 година ја води истата. Испраќала пакети на политичките затвореници во Плевен и Стара Загора - Бугарија, преработувала радио-вести. Во нејзиниот дом се одржувале состаноци на месното партиско раководство. Во ноември 1942 година била интернирана во село Страхилово, Свиштовска околија, Бугарија. По враќањето од интернација во мај 1943 година била примена за член на КПМ. Во август 1944 година стапила во единнците на Четвртата македонска ударна бригада. Била член на Обласниот комитет на СКОЈ, а подоцна секретар на Областен н Окружен комитет на СКОЈ во Штип и Скопје.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia