Норадреналин
Норадреналинот (или норепинефрин) е хормон кој спаѓа во групата на катехоламини. Има слични функции како и адреналинот, со таа разлика што вазоконстрикцијата е појака и се однесува на сите помали крвни садови. СтруктураНорадреналинот е катехоламин и фенетиламин.[3] Неговата структура се разликува од онаа на адреналинот во тоа што кај адреналинот дополнително има метил група поврзана за азотниот атом.[3] Биосинтеза
Норадреналинот се синтетизира од аминокиселината тирозин во серија на ензимски реакции во адреналната медула и постганглионските неврони на симпатичкиот нервен систем. Иако претворањето на тирозинот до допамин се одвива доминантно во цитоплазмата, претворањето на допаминот до норадреналин се одвива воглавно во невротрансмитерските везикули со помош на ензимот допамин β-монооксигеназа.[7] Метаболичкиот пат е следниов:
Така, директен претходник на норадреналинот е допаминот, кој се синтетизира индиректно од есенцијалната аминокиселина фенилаланин или неесенцијалната аминокиселина тирозин.[7] Овие аминокиселини се присутни во скоро секоја белковина и, како такви, се внесуваат во организмот преку храната која содржи белковини. Фенилаланинот се претвора во тирозин под дејство на ензимот фенилаланин хидроксилаза, користејќи молекуларен кислород (O2) и тетрахидробиоптерин како кофактори. Тирозинот се претвора во L-DOPA под дејство на ензимот тирозин хидроксилаза, користејќи тетрахидробиоптерин, O2, и најверојатно и феро јон (Fe2+) како кофактори.[7] Претворањето на тирозин во L-DOPA може да се инхибира со метирозин, кој претставува аналог на тирозинот. L-DOPA се претвора во допамин од страна на ензимот ароматична L-аминокиселинска декарбоксилаза (кој е познат и како DOPA декарбоксилаза), и кој користи пиридоксал фосфат како кофактор.[7] Допаминот потоа се претвора во норадреналин под дејство на ензимот допамин β-монооксигеназа, во присуство на O2 и аскорбинска киселина како кофактори.[7] Норадреналинот понатаму може да се претвори во адреналин под дејство на ензимот фенилетаноламин N-метилтрансфераза во присуство на S-аденозил-L-метионин како кофактор.[7] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia