Намали малце чалам„Намали малце чалам“ — збирка раскази на македонскиот писател писател Сашо Стефановски (со псевдонимот Џанго Помалиот) од 2018 година. СодржинаКнигата содржи 39 раскази:[1]
За делото„Намали малце чалам“ е збирка со кратки раскази на скопски теми. Таа изобилува со многу сленг, хумор (маалски финти), закачки, добрина, емоции, смеа и шеги.[2] Во разговорот со Марина Костова, авторот објаснува како настанале расказите: најчесто тие се инспирирани од една реченица, една слика на улица или едно чувство од некој настан; вообичаено, расказите се напишани во еден здив, за десетина минути при што на почетокот авторот не знае каков ќе биде крајот на расказот ниту неговата поента; најголем дел од расказите се напишани за време на Шарената револуција. Според искажувањето на авторот, најважното во расказите е дијалогот кој ја определува нивната динамика. Во расказите, ликовите се вистински, а темите се позајмени од секојдневните настани. Најчесто, расказите немаат посебна цел, освен да останат запишани како блесок од околината на авторот или пак се напишани само за забава.[3] Технички податоциЗбирката е објавена како 125. книга во едицијата „Магма“ на издавачката куќа Темплум. Книгата, со обем од 107 страници и со димензии од 17 сантиметри, била испечатена во печатницата „Алма“ во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-85-6. Графичкото уредување и дизајнот се дело на „Кома“, а автор на сликата на предната корица е Владимир Лукаш. Книгата била објавена со финансиска помош од Неотел.[4] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia