Сашо СтефановскиСашо Стефановски, познат и под псевдонимот Џанго Помалиот (1965 - Скопје, 1 јули 2023) — македонски писател, блогер и режисер. ЖивотописСтефановски бил дипломиран електроинженер.[1] Починал на 1 јули 2023 година.[2] ТворештвоСтефановски пишувал куса проза која ја објавувал под псевдонимот Џанго Помалиот. Своите раскази ги објавувал на фејсбук и на интернет-порталот Окно, а во 2018 година ја објавил збирката „Намали малце чалам“ која претставува осврт врз урбаниот маалски живот во скопската населба Кисела Вода. Исто така, тој е автор на наградениот драмски текст „Модерна алхемија“ што самиот го режирал во МКЦ кон крајот на 1980-тите.[3] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia