Натка Пенушлиска-Митровска
Натка Пенушлиска-Митровска (24 април 1934- 20 мај 2022) — македонска балерина.[1] ЖивотописНатка Пенушлиска-Митровска е родена на 24 април 1934 година во Скопје. Балетското образование го добива во Средното балетско училиште во Скопје во класата Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова, а потоа кај познатите педагози Љ. Јегорова и О. Преображенскаја во Париз (1953-1954). Модерен балет учи кај Х. Крајнцберг во Цирих и А. Роје во Каштел Камбеловец. Член на Балетот при МНТ во Скопје (1949-1972). Исклучително е надарена па ја започнала балетската кариера на 14-годишна возраст, играјќи ја главната улога на Марија во „Бахчисарајска фонтана“ (Б. Асафјев), првиот целовечерен балет поставен на сцената на МНТ. Ги игра сите главни улоги од програмата на балетскиот ансамбл. Примабалерина со извонредно чиста и прецизна класична техника, виртуоз и експресивна емотивност при создавањето на улогите. Пенушлиска е синоним за балетската уметност во Македонија. На југословенското балетско биенале во Љубљана (1960) е прогласена за најдобра класична балерина. Управува со Балетот при МНТ (1967-1968). Починала на 20 мај 2022 година. Улоги:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia