Национален парк Нелсонски Езера
Националниот парк Нелсонски Езера (англ. Nelson Lakes National Park) е национален парк кој се наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Формиран е во 1956 и зазема површина од 1.020 км². Во неговото средиште се наоѓаат две големи езера, Ротоити и Ротороа. Во паркот спаѓаат и околните долини (со реките Траверс, Сабин, и Дирвил, горното течение на Матакитаки) и планинските венци (Сент Арно, Маунт Роберт). Паркот е мошне популарно место за кампување, планинарство и риболов. Паркот е од управа на Службата за заштита на природата кои имаат посетителски центар во селото Сент Арно кој нуди корисни информации за сите аспекти на паркот. Пристап до паркотГлавни влезови во паркот се кај езерото Ротоити и селото Сент Арно, крај автопатот Highway 63, околу 100 километри од Нелсон и Бленем. Спореден влез има и кај езерото Ротороа, скршнувајќи од автопатот State Highway 6 кај Гованбриџ. До паркот сообраќаат комбиња кои го поврзуваат со Сент Арно, Нелсон, Бленем и Пиктон. АктивностиПоголемите кампови се наоѓаат крај брегот на езерото Ротоити; со еден помал кај езерото Ротороа. Паркот има мрежа од планинарски патеки, од кратки прошетки кај езерата Ротоити и Ротороа, до повеќедневни планинарења по поизолираните краишта. Еднодневни патеки се кружната патека околу езерото Ротоити, и на планините Сент Арно и Маунт Роберт. Најпопуларната долга планинарска маршрута е Траверс-Сабин и други кружни патеки крај езерото Енџелус. Скијачкиот центар на Маунт Роберт повеќе не работи, но затоа во близина се скијачките терени „Рејнбоу“ од источната страна на венецот Сент Арно, непосредно надвор од паркот. Други активности кои се практикуваат се алпинизмот, пловидбата, риболовот, и планинскиот велосипедизам. За повеќе информации посетете ја страницата на Службата за заштита на природата подолу. Ротоитски островРотоитскиот копнен остров (Rotoiti Mainland Island) зафаќа површина од 825 хектари букова шума околу езерото Ротоити. Ова ре проект кој има за цел да ги елиминира сите донесени штетници како ласицата, посумот, осите и глодачите, и да се овозможи обновата на шумите и враќањето на автохтоните животински видови. ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia