Национален парк Татра
Национален парк Татра(словачки: Tatranský národný park) е еден од деветте национални паркови на Словачка, стациониран во западно-централниот дел на земјата меѓу планинскиот венец на Татрите. Паркот е важен за заштита на разни видови на флора и фауна, со бројни ендемски видови, вклучувајќи ги и татарските дивокоза. ГеографијаНационалниот парк Татра е заштитено подрачје и се наоѓа во рамките на планинскиот венец на Високите Татри и во областа на Западните Татри.[1] Западниот дел на националниот парк ја опфаќа областа на Жилинскиот регион, а источниот дел на Прешовскиот регион. Паркот зафаќа површина од 738 км², а строго заштитената зона околу паркот зафаќа површина од 307 км².[2] Во националниот парк има 600 километри планинарски патеки и 16 обележани и одржувани велосипедски патеки.[3] ПланиниЗападните Татри се поделени на Ороча, Рохаче, Сив врв, Липтовски Татри, Липтовски Копи и Црвени планини. Источните Татри се состојат од Високите Татри и Бељанските Татри. Највисокиот врв на Словачка е Герлаховски Штит, со висина од 2665 м и се наоѓа во внатрешноста на паркот. Овој врв е исто така највисоката точка на планинскиот венец на Татрите и Карпатите. Најголемата планина во западните Татри е Бистра, со висина од 2248 м, а врвот Хавран е највисоката точка на Бељанските Татри, со висина од 2152 м. Езера и потоциВо паркот има повеќе од сто ридски или планински езера. Езерото Велке Хинцово е најголемо со површина од 0,2 км² и најдлабоко, со 58 м. Областа околу населбата Штрбске Плесо е вододелница на два слива. На источната страна има потоци кои ја формираат реката Попрад. Најпознати водопади се Студеновдски, Кметов, Вајанскенхо, Рохачски и Водопад скок.[3] ПештериВо Националниот парк Татра има околу 300 пештери, а најпозната е Бељанската пештера, која воедно е единствена отворена за јавноста и се наоѓа во близина на селото Љендак. Најголемата пештера откриена досега во овој национален парк е пештерата Јаворинка. [4] Историја на паркотНационалниот парк Татра е основан на 1 јануари 1949 година и тој е најстариот национален парк во Словачка. Од 1987 година, пределот на Западните Татри е дел од овој национален парк. Во 1992 година паркот станал дел од програмата на УНЕСКО за човекот и биосферата.[5] Екологија и биомГеолошкиот состав, својствата на почвата и климатските услови придонесуваат за оригиналната флора и фауна во паркот.[6] ФлораСкоро две третини од паркот се покриени со шуми, претежно со смрча и европска смрча. Најраспространети видови на дрвја се европската смрча, белиот бор, алпскиот бор, европскиот ариш и кривулот. На просторот на Бељанските Татри, јаворот е најраспространет. Околу 1300 видови васкуларни растенија се распростанети во паркот, 41 вид од нив се ендемски на просторот на Западните Карпати, а на просторот на Карпатите има 57 ендемски видови. Во областа на националниот парк има ендемски растителни видови како што се Saxifraga aizoides, Cochlearia tatrae, Salix herbacea, мрежеста врба и многу други.[6] ФаунаВо националниот парк попишани се 115 видови птици, 42 видови цицачи, 8 видови влекачи и 3 видови водоземци. Паркот изобилува и со голем број безрбетници.[6] Цицачите во паркот го вклучуваат и ендемскиот вид на татраската дивокоза, која е заштитена од Меѓународниот сојуз за заштита на природата, како критично загрозен вид.[7] Во паркот живее и евроазиската кафеава мечка, обичен рис, куна, волк, лисица и алпски мрмот. Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia