Национален уметник на Македонија![]() Национален уметник на Република Македонија — титула која ја доделува Претседателот на Република Македонија врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија. Се доделува на уметник кој создава дела од уметничкото творештво или изведува дела како актер, режисер, костимограф, сценограф, ликовен уметник, фотограф и архитект, вокално-инструментален солист, диригент, композитор, писател, сценарист, кореограф и балетски уметник. Титулата почнала да се доделува од 2011 г. согласно посебно донесениот закон за оваа титула. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата. Наградата за последен пат била доделена во 2016-та година, кога била укината. Со законот со кој истата била укината, на националните уметници кои веќе се стекнале со титулата им се гарантирала натамошна исплата на вклучената сума.[1] КритериумиТитулата претставува е највисоко признание од областа на културата во земјата и се доделува на уметник кој исполнува општи и поединечни критериуми:[2] Општи критериуми
Поединечни критериумиПокрај општите критериуми, уметникот од областа на ликовната уметност треба да исполнува поединечни критериуми за остварувања во земјата и странство, кои се разликуваат во зависност од дејноста и творештвото на уметникот. Тие се наведени во Член 3 од Закон за националниот уметник на Република Македонија. Носители
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia