Симон Трпчески![]() Симон Трпчески (18 септември 1979, Скопје) — меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот. Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.[1] НастапиОбединето КралствоДекември 2005 имал мини-настап во Саут Бенк што е и неговиот прв настап во Лондон во International Piano Series исто така и два настапи со London Philharmonic Orchestra и Владимир Јуровски. Јуни 2005 повторно настапува во холот на кралицата Елизабета со Philharmonic Orchestra кое полека станува негова традиција. Во 2006 декември има повторно настап во холот на кралицата со London Symphony Orchestra со диригенција на Антонио Паппано. САДСимон Трпчески е еден од ретките кои добил повторна покана назад по неговиот деби настап во Њујорк во ноември со New York Philharmonic Orchestra и е повторно поканет да настапи во 2007 година со Мазел. Неговото деби во Сан Франциско е исто така со San Francisco Symphony Orchestra и резултирало со покана за повторен настап да свири Rachmaninov’s Paganini Variations со Ашкенази. Неговото деби во Лос Анџелес било во Холивуд Бол каде има 5 настапи после тоа со Colorado, Seattle and Indianapolis Symphony Orchestras and the Los Angeles Chamber Orchestra. KaнадаВо Канада првиот настап му е во Торонто со Toronto Symphony Orchestra во мај 2005 каде доблил доста понуди за да остане и да работи таму перманентно. Исто така има настапувано и во Ванкувер и Отава и неколкупати на приватни елитни забави. Јапонија и АвстралијаТрпчески имал цела турнеја во Јапонија по името “Royal Concertgebouw Orchestra and Simon’s” (Кралскиот концертен дом и Симон). Настапувал во Сендај со Sendai Philharmonic Orchestra исто така и во Токио со токиската филхармонија. По патот на настапот о во Јапонија исто така има и краток настап во Сингапур со тамошната филхармонија и во Хонгконг со резидентната филхармонија. Воодушевената публика во тие краеви во неколку наврати на случајни интервјуа вели дека никогаш нема да го заборави концертот на Симон Трпчески. ЕвропаНа својата турнеја низ скандинавските земји свирел во Стокхолм, Берген, Голденбург и Хелсинки на сите места во придружба од Шведската филхармонија. Од сите настапи добил громогласни аплаузи и покана за повторни настапи на таа сцена. Од скандинавските држави продолжил накај Данска каде настапувал со Данската филхармонија. Од таму има настапи во Германија во Берлин со домашната филхармонија. Потоа, во Холандија исто така со домашната филхармонија. За следно одредиште е одбрана Франција и нивниот славен дворец на културата Рок Дантерон во Париз во средината на април 2005 и бидејќи публиката била одушевена на нивно барање одржал уште еден концерт во Лувр. ДискографијаСимон Трпчески има снимено 4 албуми, сите за продукциската куќа ЕМИ Класикс (EMI Classics). Сите тие имаат преработки од познатите композитори како Чајковски, Бетовен. Награди![]() Некои од позначајните награди и признанија кои ги добил Симон Трпчески се:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia