Ракопис

Евангелие од 1220 г., Германија

Ракопис — збирно име за текстови напишани рачно.[1][2] Како по правило, ракописот е нацрт на книжевно дело или примерок од него, напишан рачно од авторот. По појавата на пишувањето со машина (печатарството), ракописите се однесувале и на текстови печатени на машина за пишување, како и на печатач или со други механички средства.

Ракописна книгакнига во која текстот и илустрациите се воспроизведени рачно, за разлика од печатена книга, која се воспроизведува со печатење. Ракописната книга се состои од самата книга, носителот на текстот и заштитни елементи (омот, повез).

Видови ракописи

  • Свиток — долга лента од папирус завиткана во ролна. Најчесто се користел во антиката.
  • Кодекс — се состои од листови наредени во ролни, кои пак се зашиени заедно. Се користел широко во средниот век.
  • Палимпсест — ракопис, чиј изворен текст е иструган од пергаментот, а листовите се употребени за пишување нов. Благодарение на бојата што останува во микрорапавостите, може да се прочита и постариот текст.
  • Фолијант — вид средновековна ракописна книга со особено големи размери.

Познати ракописи

  • „Книга на мртвите“ — староегипетски религиозен папирусен ракопис украсен со цртежи.
  • Војничев ракопис“ — една од најзагадочните ракописни книги.
  • „Библија на Вулфила“ — готски превод на Библијата од IV век.

Наводи

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya