Недељко Шариќ

Недељко Саво Шариќ ( 1909 во Скопје1943 во ) — македонски и југословенски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ.[1]

Животопис

По завршувањето  на основното училиште и гимназијата се запишал во воената академија. Служел во бившата југословенска војска, како активен офицер. По капитулацијата на стара Југославија заминал од Македонија и уште во 1941 година стапил во Љубљанскиот партизански одред. Две години учествувал во тешки вооружени борби против окупаторските и квинслшките единици. Во борбите се истакнал како храбар борец и добар раководител, бидејќи бил Командант на партизанските единици. Во 1943 година храбро загинал во борбите против окупаторските единици.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 163. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya