Несо (месечина)
![]() Несо , познат и како Нептун XIII – најоддалечена позната месечина на Нептун. Претставува неправилна месечина откриена од Метју Холман, Брет Гледман и др. на 14 август 2002 година, иако останала незабележана до 2003 година.[2][5] Несо кружи околу Нептун на растојание од повеќе од 48 Gm (милиони км), што го прави (заклучно со 2015 година) најоддалечената позната месечина на која било планета. Во апоцентарот, месечината е оддалечена повеќе од 72 Гм од Нептун. Ова растојание е доволно големо за да го надмине афелот на Меркур, што е оддалечено околу 70 Гм од Сонцето. Несо е и месечината со најдолг орбитален период, 26,67 години. Следи повратна, многу наклонета и многу ексцентрична орбита илустрирана на дијаграмот во однос на другите неправилни месечини на Нептун. Месечините над хоризонталната оска имаат директно, а месечините под него повратно движење. Жолтите сегменти се протегаат од перицентарот до апоцентарот, покажувајќи ја ексцентричноста. Несо има пречник од околу 60 км врз основа на претпоставениот албедо и претпоставувајќи средна густина од 1,5 g/cm3,[6] неговата маса се проценува на ×1017 kg. Со оглед на сличноста на параметрите на орбитата со Псамата (S / 2003 N 1), се сугерирало дека двете неправилни месечини може да имаат заедничко потекло од распад на поголема месечина.[4] Несо го носи името на една од нереидите. Пред објавувањето на нејзиното име на 3 февруари 2007 година (IAUC 8802), Несо бил познат под својата привремена ознака, S / 2002 N 4. НаводиЗабелешки Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia