Месечината е откриена кон крајот на јули 1989 г. од сликите направени од вселенската сонда „Војаџер 2“ истата година. Добила привремена назнака S/1989 N 3.[7] Откритието е објавено на 2 август 1989 г., со тоа што датумот на откривање е некаде пред 28 јули. Името го добила на 16 септември 1991 г.[8]
Физички особености
Деспина има пречник од 152 км.[9] Има неправилен облик и не покажува знаци на геолошка видоизменетост. Веројатно станува збор за куп од шут насобран од парчиња од првичните месечини на Нептун, нарушени со растројувањата предизвикани од Тритон набргу по неговиот зафат во многу занесена почетна орбита.[10]
Орбита
Орбитата на Деспина е блиску до, но вон онаа на Таласа и во почетниот дел на Леверјеовиот прстен, со улога на предводечка месечина[11] Бидејќи исто така е сместена под полупречникот на Нептуновата синхрона орбита, Деспина постепено се завува навнатре, што се должи на плимното забрзување и може со време да навлезе во планетарната атмосфера, или пак да се распарчи во планетарен прстен откако ќе ја премине Рошовата граница под дејство на плимно истегнување.
Белешки
↑
Повшринската гравитација е изведена од масата m, гравитациската константаG и полупречникот r: Gm/r2.
↑
Втората космичка брзина е изведена од масата m, гравитациската константаG и полупречникот r: √2Gm/r.
↑
Jacobson, R. A.; Owen, W. M., Jr. (2004). „The orbits of the inner Neptunian satellites from Voyager, Earthbased, and Hubble Space Telescope observations“. Astronomical Journal. 128 (3): 1412–1417. Bibcode:2004AJ....128.1412J. doi:10.1086/423037.