Нептунов тројанец![]()
Нептунови тројанци — тела во орбита околу Сонцето близу една од стабилните Лагранжови точки на Нептун, сличмо ма тројанците на другите планети. Имаат приближно ист орбитален период како Нептун и приближно ја следат неговата патека. Познати се 22 Нептунови тројанци, од кои 19 кружат околу сончево–нептунската Лагранжова точка L4, 60° пред Нептун,[1] а три вртат околу Нептуновото L5-подрачје 60° зад планетата.[1] Откривањето на 2005 TN53 во високонаклонета (>25°) орбита е значајно, бидејќи го открива присуството на густ облак од тројанци[2] (Јупитеровиte тројанци имаат наклон до 40°[3]), што укажува на зафат со замрзнување наместо образување на самото место или со судири.[2] Се претпоставува дека големите (≈ 100 км во пречник) облаци од Нептунови тројанци се десеткратно побројни од Јупитеровите.[4][5] Во 2010 г. е објавено откривањето на првиот Нептунов тројанец во L5 — 2008 LC18.[6] Следечкото L5-подрачје на планетата денес е многу тешко се набљудување бидејќи лежи во видна линија на средиштето на Млечниот Пат, каде небото е преполно со ѕвезди. Откривање и истражувањеВо 2001 г. е откриен првиот Нептунов тројанец — 2001 QR322 — близу L4-подрачјето на Нептун, со што станал петтиот[б 1] познат стабилен содржател на мали тела во Сончевиот Систем. Во 2005 г. откривањето на високонаклонетиот тројанец 2005 TN53 довело до мислење дека Нептуновите тројанци населуваат густи облаци, ограничувајќи го можносто потекло на истите. На 12 август 2010 г. е пронајден првиот тројанец во L5 — 2008 LC18.[6] Откриен е со вршење на макотрпно прегледување на подрачјата каде светлината на ѕвездите близу Галактичкото Средиште е прикриена од правливи облаци.[7] Ова упатува на тоа дека големите L5-тројанци се подеднакво застапени како големите L4-тројанци до извесен степен на несигурност,[7] што уште повеќе ги ограничуваат моделите за нивниот настанок. Динамика и потекло![]() Орбитите на Нептуновите тројанци се мошне стабилни; Нептун може да има задржано преку 50 % од првобитното попреселбено тројанско население во животниот век на Сончевиот Систем.[2] Неговата L5 може подеднакво да вдоми стабилни тројанци како и L4.[8] Нептуновите тројанци можат да либрираат до 30° од нивните Лагранжови точки во период од 10.000 години.[7] Оние кои застрануваат влегуваат во орбити слични на кентаурските.[8] Иако Нептун сега не може да зафаќа стабилни тројанци,[2] приближно 2,8 % од кентаурите на растојание од 34 ае се сметаат за негови коорбиталци. Од нив, 54 % се во потковичести орбити, 10 % се квазимесечини, а 36 % се тројанци (рамномерно поделени меѓу групите L4 и L5).[9] Неочекуваните високонаклонети тројанци се клучни за осознавање на потеклото и развојот на населението во целина.[8] Постоењето на високонаклонети Нептунови тројанци укажува на зафат за време на планетарната преселба наместо образба на самото место или со судири.[2][7] Проценетиот подеднаков број на големи L5- и L4-тројанци вели дека немало отпор од гас при зафатот и упатува на заеднички зафатен механизам за тројанците од L4 и L5.[7] Зафатот на Нептунови тројанци при преселбата на планетите се одвива во процес сличен на безредното зафаќање на Јупитеровите тројанци во Ничкиот модел. Кога Уран и Нептун се блиску, но не во среднодвижечка резонанца, местата каде Уран го одминува Нептун можат да кружат со период кој е во резонанца со либрациските периоди на Нептуновите тројанци. Ова доведува до зачестени растројувања кои ја зголемуваат либрацијата на постоечките тројанци, предизвикувајќи нестабилност во нивните орбити.[10] Овој процес може да биде и обратен, јавувајќи се при зафат на нови тројанци со продолжувањето на планетарната преселба.[11] За високонаклонетите тројанци да можат да се зафатат, преселбата мора да била бавна,[12] или да го стекнале нивниот наклон претходно.[13] БоиПрвите четири откриени Нептунови тројанци имаат слични бои.[2] Тие се претежно црвени, малку поцрвени од сивите тела од Кајперовиот Појас, но не толку црвени како високоперихелските студени кубевана.[2] Ова е слично на боите во сината шуплина на кентаурската бојна распределба, Јупитеровите тројанци, неправилните сателити на гасовитите џинјови, а можеби и на кометите, што доследно одговара на сличното потекло на овие населенија од мали тела во Сончевиот Систем.[2] Нептуновите тројанци се пребледи за добро спектроскопско набљудување со денешната технологија, што значи дека забележаните бои можат впрочем да претставуваат најразлични површински состави.[2] ИменувањеВо 2015 г. Меѓународниот астрономски сојуз (МАС) усвоил ново имиња Нептуновите тројанци, кои се водат според амазонките, без да се прави разлика дали се во L4 или L5.[14] Амазонките биле воинствено племе сочинето исклучиво од жени ко е се борело во Тројанската војна на страна на Тројанците, а против Грците. Во 2019 г. именувани Нептунови тројанци биле 385571 Отрера (по Отрера, првата кралица на амазонките од старогрчката митологија) и Клета (амазонка и прислужничка на кралицата Пентесилеја, која ги повела амазонките во Тројанската војна).[15][16] ЧленовиБројот на набљудувани високонаклонети Нептунови тројанци е доста мал,[2] но се смета дека тие всушност се четирипати побројни од нисконаклонетите.[2] Претпоставувајќи албедо од 0,05, се очекува дека во Нептуновата L4 постојат 400+250 2001 QR322 и 2008 LC18 покажуваат значајна динамичка нестабилност.[8] Ова значи дека тие може да се зафатени по планетарната преселба, но може и да се долготрајни членови кои едноставно не се сосема динамички стабилни.[8] Во февруари 2020 г. се знаело а 29 Нептунови тројанци, од кои 24 кружат близу Лагранжовата точка L4 во Сонце-Нептун, 60° пред Нептун,[1] четири се близу Нептуновото L5-подрачје 60° зад него, а една кружи на спротивната страна на Неотун(L3). но често си ја менува местопложбата во однос на него, на точките L4 и L5.[1] Овие се наведени на следнава табела, која е изведена од списокот на нептунови тројанци на Центарот за мали планети при МАС[1] а со пречници преземени од трудот на Шепард и Трухиљо посветен на 2008 LC18,[7] освен ако не е поинаку наведено.
2005 TN74[21] и (309239) 2007 RW10[22] се сметале за Нептунови тројанци при нивното откривање, но подоцна е заклучено дека не се. За 2005 TN74 се сммета дека е во резонанца 3:5 со Нептун.[23] (309239) 2007 RW10 тековно следи квазимесечинска јамка околу Нептун.[24] Поврзано
БелешкиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia