Никола Димитров (дипломат)
Никола Димитров (р. 30 септември 1972 во Скопје) — македонски дипломат и поранешен министер за надворешни работи на Македонија. Во минатото работел како заменик министер за надворешни работи и амбасадор на Македонија во САД и Холандија. Во 2014 го одбил амбасадорското место во Русија и привремено се повлекол од дипломатијата.[1] ЖивотописНикола Димитров дипломирал меѓународно право на универзитетите во Скопје и Кембриџ. Димитров својата професионална кариера ја започнал во 1996 година во Министерството за надворешни работи на Република Македонија како советник од областа на меѓународното право за човековите права. Во 2000 година бил назначен за заменик министер. Тој бил и советник за национална безбедност на претседателот Борис Трајковски. Во 2002 година бил именуван за амбасадор на Република Македонија во САД, наследувајќи ја амбасадорката Љубица Ацевска. Како 32-годишен, Димитров бил најмладиот амбасадор во САД. За време на неговиот престој во 2004 година САД ја признале Република Македонија под уставното име.[2] ![]() Димитров бил македонски претставник во преговорите околу спорот за името помеѓу Република Македонија и Република Грција, а бил и правен застапник на Република Македонија при тужбата пред Меѓународниот суд за правда во Хаг против Република Грција за прекршување на привремената спогодба од 1995 година.[3] Во 2009 година Димитров станал македонски амбасадор во Холандија.[4] По завршувањето на неговиот мандат во 2013 година требало да замине како амбасадор во Германија, но на негово место бил назначен Никола Колев. Во 2014 година одбил да биде македонски амбасадор во Русија и кариерата ја продолжил во Хашкиот институт за глобална правда.[1] Никола Димитров е син на Димитар Димитров и Ратка Димитрова, истакнати функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia