Кочо Анѓушев
Кочо Анѓушев (р. 20 јуни 1969 во Велес) — македонски стопанственик, универзитетски професор, заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања во период 2017-2020г. и филантроп. Приватен животПроф. д-р Кочо Анѓушев е роден во Велес, на 20 јуни 1969 во просечно македонско семејство. Неговите родители биле административни работници во велешката текстилна фабрика ,,Нонча Камишова” која на почетокот на 1990-ти години пропаднала, заедно со многу други државни претпријатија. Неколку генерации претходно, пред Втората светска војна, неговите предци се занимавале со претприемништо, фабрики и трговија. Но, имотот што семејството Анѓушеви тогаш го поседувало е национализиран во 1945 година од страна на новата социјалистичка власт. Кочо Анѓушев завршил основно и средно образование во Велес како одличен ученик, каде матурирал како машински техничар и во 1998г. се запишал на Машинскиот факултет при државниот Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје. СемејствоАнѓушев е женет и има два сина, кои се образувале во Виена и во Милано и денес работат во семејните компании. Анѓушев живее и работи во Скопје. Академска кариераВо 1992 Кочо Аѓушев дипломира на Машинскиот факултет, една година пред предвидениот рок, како првенец во генерација со просек 9,36 и останува да работи како асистент на истиот факултет. Во 1995 година магистрира на Институтот за механика. Од 1996 година тој е научен истражувач на Машинскиот факултет во Ахен, Германија каде ја подготвува докторската дисертација насловена „Влијанието на вибрациите кај лостовите и бреговите механизми врз нивните кинематички функции“. Во 1998 година докторира на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во областа на механика и динамика на машини. Во тој момент Анѓушев бил најмлад доктор на науки во државата во областа на техничките науки. По докторирањето, избран е за доцент, а потоа и за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, каде што и денеска предава. Во 1999 година своето работно искуство како професор го проширува во Лавборо, Англија каде е гостин професор на тамошниот Машински факултет од областа на динамика на машини. Анѓушев е автор на повеќе од 100 научни труда објавени на меѓународни и домашни научни симпозиуми и списанија. Под негово водство се реализирале повеќе од 50 проекти во индустријата од областа на машинството и енергетиката.[1] Менаџерска и бизнис кариераВо периодот 2000–2002 Анѓушев бил помошник на генералниот директор на државната енергетска компанија Електростопанство на Македонија (ЕСМ), каде бил директор задолжен за производство на електрична енергија и за управување на дистрибутивниот систем. (овие сегменти денеска потпаѓаат под Еелектрани на Северна Македонија и под МЕПСО). ![]() Во 2003 година, Анѓушев ги основа Феро Инвест и БРАКО, едни од најголемите компании во македонското стопанство и водечки во своите сектори: обновливи извори на енергија, металопреработувачка индустрија и производство на наменски возила за урбана хигиена.[2] Фероинвест е првата компанија која изградила мали хидроелекрани во приватна сопственост во Македонија. Фероинвест, сам или со партнери, има сопственост и удел во 25 мали хидроелектрани во Македонија, од досега изградени вкупно 80 во државата. Фероинвест произведува електрична енергија и преку сопствени фотонапонски и биогасни електрани, а гради електрани и за клиенти. Со оваа компанија Анѓушев создал самоодржлив електро-енергетски систем во приватна сопственост, кој се занимава со проектирање на електрани од обновливи извори, нивна изградба, пуштање во употреба, далечинско мониторирање и управување преку еден мониторинг центар, откуп на електричната енергија и снабдување со електрична енергија на крајни корисници и други субјекти. ![]() Во БРАКО, фабрика која на своите почетоци во 2003 година произведувала само жица и клинци, Анѓушев денес води четири фабрики: за свипери за чистење, за метални конструкции и автоматизација, за медицински мебел и опрема, и за жичани производи. БРАКО е единствениот производител на возила во Македонија, а произведува технолошки напредни свипери (метларки) на електричен и водороден погон. БРАКО денес продава во повеќе од 60 земји низ светот. Во 2005 Анѓушев го основал претставништвото на српската групацијата ЕФТ во Македонија, кое се занимавала со трговија на електрична енергија. По излегувањето од ЕФТ, во 2012 ја формира сопствената фирма за трговија со електрична енергија ЕДС, која во 2019 е купена од грчкото државно електростопанство, ППС.[3] Во 2022г основа нова фирма за трговија и снабдување со електрична енергија, РЕС, во партнерство со бугарската компанија Кер Токи. Според извештајот во 2024 година на македонската Регулаторна комисија за енергетика, РЕС бил најголем снабдувач со електрична енергија на фирмите на слободниот пазар во 2023 година.[4] Денес, групацијата Фероинвест на Анѓушев вработува повеќе од 800 лица и има годишен обрт од 150 милиони евра. Американското економско списание Форбс во 2014 го прогласило Анѓушев за еден од петте најбогати Македонци. Ангажман во Стопанската комора на Северна МакедонијаОд 2004 година, проф. д-р Анѓушев е активен член, а потоа и заменик претседател на Стопанската комора на Северна Македонија.[5] Претседател е на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во рамките на Комората.[6] Во 2024 година, по повод 101 година од формирањето на Комората , ја доби Наградата за ,,Придонес во развојот на извозот и во образованието на кадар за потребите на бизнисот”.[7] Политичка кариераОд 2017 до 2020 година Кочо Анѓушев бил вицепремиер за економија во Владата на Р. Северна Македонија предводена од Зоран Заев. Во тој период со негов ангажман се донесоа два значајни закони. Законот за финансиска поддршка на компаниите, со кој се помагаа компании кои инвестираа во развојот, откако веќе ќе го завршеа инвестирањето и ќе приложеа докази за завршениот проект, а се со цел да се помогне развојот на економијата и извозот.[8][9] Во координација на Анѓушев бил донесен и Законот за енергетика, кој беше обврска на државата на патот кон ЕУ, при што било неопходно да се изврши усогласување на законодоавството во областа на енергетиката со тоа во ЕУ, и што беше неколку години одложувано. Анѓушев бил еден од најктивните министри во владиниот состав, а по завршувањето на мандатот изјавил дека во годините додека бил посветен на државните работи, и оддалечен од раководењето на неговите компании, тие забележале пад на прометот од 18%, според официјалните финансиски записи достапни во државните институции. Функцијата Вицепремиер ја напуштил во јануари 2020 година, на свое барање. Општествена одговорностПроф д-р Анѓушев бил сопственик и главен спонзор на Фудбалскиот клуб Борец од Велес во период 2017-2021г. Со континуирани инвестиции во инфраструктурата, градскиот стадион и теренот во Велес добиле нов лик и квалитет на големо задоволство на жителите на Велес, а ФК Борец од екипа во трета лига станал стабилен прволигаш и конкурент за европските купови, а во еден момент бил и лидер на табелата во првата македонска фудбалска лига.[10] Анѓушев донирал при изградбата на соборниот храм Св. Кирил и Методиј, кој се наоѓа во центарот на Велес, при што целосно ја финансирал изработката на фреско-живописот и електриката во храмот и придонел за целосно уредување на овој духовен објект кој го краси градот и со кој граѓаните се горди. Анѓушев и неговите фирми се вклучиле во завршување на црквата Св. Константин и Елена во центарот на Скопје, која остана недоизградена поради немање средства од страна на МПЦ. Анѓушев го финансирал изработувањето на фреско-живописот на црквата.[11] Компанијата БРАКО му помогнал на Велес со значајна финансиска донација наменета за подготовка на документација и елаборати за изградба на инфраструктурни проекти во градот.[12] Направени биле бројни донации во здравството, меѓу кои и целосно опремување со медицински мебел и опрема од сопствено производство на БРАКО на цел кат на абдоминална хирургија во Болницата за Хируршки болести во Скопје.[13] Анѓушев лично помогнал и на Факултетот за музичка уметност во Скопје со донација на концертен клавир наменет за образовните активности на студентите. Донацијата била промовирана со концерт на светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчевски, во организација на австрискиот амбасадор во Скопје, Мартин Памер.[14] Преку „Фондацијата Анѓушев“ доделени биле бројни стипендии на студенти[15] и помогнато е на бројни социјално загрозени семејства. Во текот на својот мандат како вицепремиер во Владата, Анѓушев се откажал од државната плата и истата ја донирал на сиромашни семејства, според список подготвен од Министерството за труд и социјална политика.[16][17] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia