Никола I (охридски патријарх)
Никола (или Николај) Чудесни — охридски патријарх, поглавар на Охридската патријаршија за време на Самоиловото Царство, во 1000 г. по смртта на неговиот претходник, Герман. Споменат е како охридски архиепископ во Краткото житие на св. Јован Владимир, каде се вели дека бил негов учител. Спомнат е и во Зографската историја (1760-ти) како поглавар на Бугарите, кои биле под врховенството на охридската црква.[1] Индикативен е фактот што Николај Чудесни не е споменат во ниту еден друг извор освен во горенаведените, кои се од подоцнежен датум. Тој не е наведен ниту кај Скилица, ниту во дополнувањата на Михаил Деволски, го нема во Диканжовиот список, а за него молчат Пространото (словенско) житие на св. Јован Владимир, Летописот на попот Дукљанин и повелбите на Василиј II.[2] Сепак, и покрај ова, извесен број автори не се сомневаат во неговата историчност и го наведуваат веднаш по поглаварот Герман (Гаврил). Тие отсуството на неговото име во првостепените извори за Охридската патријаршија го објаснуваат со претпоставката дека Николај Чудесни кусо време бил на чело на Црквата.[2] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia