Јоасаф II (охридски архиепископ)
Јоасаф II бил православен свештеник и охридски архиепископ во период во 1719 до 1745 година.[1] Преговорите со австриските властиВојната на Австрија (и Русија) против Отоманската Империја, во 1736 година, одново поттикнала надеж за ослободување. Австриските политички и воени кругови и самите сметале на кревање востание на поробените балкански народи. На нивното придобивање работеле католичките свештеници, меѓу кои и католичкиот надбискуп во Скопје, Михајло Сума.[2] Тоа ce совпаднало со конспиративната политичка активност на охридскиот архиепископ Јоасаф, со свештенството, за подготвување на народот за ослободително востание. Со Австрија тајно биле воспоставени политичките врски, преку доверливи луѓе, на почетокот од војната. Во очекување пробив на австриската војска кон југот на Балканот спрема Македонија, во пролетта 1737 година, охридскиот архиепископ Јоасаф со посредство на скопскиот надбискуп Сума, стапил во тајни преговори со Австрија. Архиепископот Јоасаф прифаќал заштита од Австрија за православното население на Охридската архиепископија, ce обврзувал народот да го крене на востание и да обезбеди исхрана за австриската војска по влегувањето во Македонија. Од австрискиот император Карло VI барал заштита, слобода на вероисповедта и посебен статус за Македонија и другите земји под црковна власт на Охридската архиепископија (пред 1557 година) по нејзиното успешно завршување.[2] Посебните барања биле, како што следува:
Како крајно решение охрискиот архиепископ Јоасаф барал по ослободувањето од православните балкански земји да ce создаде единствена балканска држава со единствена православна црква - Охридската архиепископија, која требало да претставува Пиемонт на балканското обединување, под заштита на австрискиот император. Извесно е дека охридскиот архиепископ пред Хабсбуршката Монархија истапил со амбициозна државотворна програма. Притоа тој лично пројавил и државнички амбиции. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia