Нино Величковски
![]() Нино Величковски (2 мај 1954, Куманово) – македонски пејач на народна музика. КариераВеличковски е македонски пејач на народна музика кој е надалеку познат по звукот на тамбурата кој го следи целиот свој живот. Тој е чест учесник на фестивалите: "Фолк Фест Валандово", "Цветници", "Филиграни", "Тумба Фест" "Гоце Фест", "Охрид Фест", "Прилеп Фест" и Тамбурашкиот Фестивал во Куманово, каде има освојувано и награди на истите. Негов најголем хит е "Свирете ми тамбури" покрај неа се: "Бабино девојче", "Уште еднаш", "Не се трпат немири", "Малку треба", "Сега е веќе доцна", "Кажи ми Лено душо", "Биди ми бисер", "Песните се мои другари", "Љубовта е света", "Стара љубов", "Ние двајца", "Песната беше мојот живот", "Многу е тешко да си зет", "Со мерак" и други... Во својата кариера има издадено неколку албуми со свои авторски песни. Во 2023 година по повод 40-години јубилеј одржува концерт во Куманово во НУ "Трајко Прокопив", на концертот водител беше актерот Горан Илиќ, покрај него гости беа неговите колеги: Виолета Томовска, Перо Христов, Маргица Антевска, Наум Петрески, Драган Спасов-Дац и Александар Митески. На концертот ги доби наградите од најпрепознатливите европски и балкански здружение на тамбураши, а беше награден и од неговите колеги од Нови Сад и Бања Лука. За промоција на Куманово доби "Статуета" од градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.[1] Организатор е на Меѓународен тамбурашки фестивал во Куманово, каде настапува низа години. Раководител е на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia