Фолк Фест Валандово
Фолк Фест Валандово е македонски музички фолк фестивал, кој се одржува во Валандово. ИсторијаВаландово е познат по својот музички фестивал "Фолк Фест Валандово". Фестивалот се одржува во месец Мај, секоја година. Фестивалот се одржува во континуитет во богатата и долга музичка традиција во регионот. Започнал да се одржува од 1985 година и веќе многу години опстојува како нова традиција во државата. Од Фолк Фест Валандово се се излезени голем број на хитови и многу познати пејачи, имиња од македонската естрада. Во 1989 година, е изградена сала која брои 1.200 седишта, и во која веќе повеќе 30 години, успешно се одржува манифестацијата. Секоја година се врши пренос на Македонската Телевизија и фестивалот е гледат не само од домашната публика, туку и во дијаспората. Во 2025 година, се одржа 38-то издание на Фолк Фест Валандово, 40 годинишен јубилеј. На фестивалот настапиле: Драган Мијалковски, Блага Петреска, Ефто Пупиновски, Смиља Митревска, Дарко Билбиловски, Василиа Петрова, Благоја Грујовски, Горан Тодоровски, Сузана Гавазова, Методија Столески, Мишко Крстевски, Елена Андоновска, Благој Маротов и други. На ревијалниот дел на фестивалот настапи доајенот на македонската музика Перо Христов.[1][2] Директор на фестивалот е Живојин Глишиќ. Победници
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia